Новости

Живот

На секои 7 години нашиот живот е докажано дека драстично се менува

Нашиот живот поминува низ одредени фази или циклуси кои траат по седум години, а после седум повторно следи нов период од истиот интервал во кој се случува нешто ново со нашиот карактер, нашата свесност и интерес за светот, нашите приоритети, желби, аспирации.

Еве кои се фазите низ кои поминува еден човек на секои седум години:

1.Од 0 до 7 години – Тогаш сме деца и нели, сигурни сме дека светот се врти околу нас. Заинтересирани сме само за нас и не само што мислиме, туку сме сигурни дека можеме да добиеме што и да посакаме. Ова сепак е резултат на нашите родители и роднини кои ни ги овозможуваат детските т.н. херои.

Pinterest

2..Од 7 до 14 години – Веќе почнуваме да разбираме дека има и некој друг свет, а не само нашиот. Па сакаме да откриеме се, поставуваме прашања, бараме одговори. На децата околу оваа возраст често им се случува да скршат играчка за да видат што има внатре и да го откријат принципот на нејзината работа. А не ретко можат дури и да убијат инсект, само за да го проучат. Во оваа фаза или интервал, љубопитноста е на прво место.

2. Од 14 до 21 години се интересираме за спротивниот пол. Започнува додворувањето, вљубувањето, првите платонски „врски“. Тоа е единствената преокупација во нашиот живот и притоа веруваме дека ќе останеме со личноста која ни се допаѓа за цел живот. Во секој случај, тука е нели и пубертетското однесување, кое не ретко предизвикува депресија и разочарување од тој претходен свет за кој сметаме дека сме го откриле, а нели, ако сега сте постари, добро знаете дека не е баш така, но…кој би рекол!

Pinterest

3.Од 21 до 28 години. – Веќе од 21 година, љубовта ја оставаме малку на страна, на пауза и стануваме амбициозни, материјалисти, посакуваме моќ.

4. Од 28 до 35 години. – Веќе сме сигурни дека чудата многу и не постојат, па наместо амбициозност, се концентрираме кон помалите желби и аспирации. Па така, конечно заклучуваме дека ни е време да се смириме и бараме удобност и сигурност, штедиме пари и размислуваме околу нашето стамбено прашање.

5. 35 до 42 години. – Ова е моментот кога се се менува. Дури сега разбираме дека животот е еден и дека треба да се живее, па така веќе не им веруваме на правилата, живееме по наши правила и конечно сме сигурн што точно сакаме од овој живот.

Pinterest

6.  42 до 49 – почнуваме да старееме. Ни паѓа косата, имаме брчки. Доживуваме преодност од младоста кон староста. Во овој циклус од седум години, имаме потреба од религиозни побуди и потреба да веруваме во нешто посилно од нас, некое божевсво над нас кое не штити. Лично, мислам дека овде започнува потсвесниот страв за крајот кој се гледа колку и тоа безнадежно да звучи.

7. 49 до 56 – на оваа возраст мажите ја губат сексуалната желба, се чувствуваат виновни за тоа и безнадежни затоа што не можат да ги исполнат очекувањата.

8. 56 до 63 – Повторно губиме интерес за светот и следи слична фаза како и првата. Се концентрираме само на себе си и ништо друго околу нас не постои. Размислуваме околу вечната вистина и смртта која сакаме мирно да ја дочекаме.

Pinterest

9. Од 70тата година, ментално се приготвуваме за збогување. Секако дека некои доживуваат длабока старост, па оваа фаза не е баш проучена и е дискутабилна.

Како и да е, ценете го вашиот живот, не размислувајте многу, без стравови и помалку стрес. Па не ја чекајте последната фаза и циклус за да сфатите дека залудно било што толку многу сте биле уплашени и преполни со прашања. Животот и онака си тече, а светот никогаш не запира поради нашата болка. Така да, пронајдете ја таа „златна средина“ и едноставно уживајте во најголемиот подарок од Бога: Вашиот живот.

Pinterest

GOLD
To Top