Новости

Живот

Неколку совети како да ја победите тремата од јавни настапи

Доколку вашата професија ви наложува да имате јавни настапи, а вие пред нивното остварување сте во постојано борба со стресот кој го чувствувате, еве неколку совети кои се надеваме дека ќе ви бидат од голема помош полесно да ги совладате тие непосакувани негативни емоции и расположенија, кои можат да го уништат вашиот говор.

  • Верувајте во себе

Многу често, после вашиот јавен настап, се случува да добиете критики од типот:„Следниот пат, не биди толку нерозен/а. Да, ова може да звучи фрустрирачки, но едноставно не обрнувајте внимание и следниот пат оставете да бидете нервозни, но наместо да се убедувате дека не треба да го чувтсвувате тоа, потврдете си го сосема спротивното:„Ова е возбуда. Позитивна трема која е нормална.“

  • Имајте свој став, па потоа кажете го ставот или примерот за она што го кажувате

Најпрво започнете го говорот со ваше размислување околу понатамошниот тек на вашиот говор, а потоа кажете што се кажува во фактите. Така ќе ја придобиете публиката и емотивно ќе се поврзете со неа, па тие ќе сочувствуваат со вашето размислување, ќе ги заинтригирате да се запрашаат кое е нивното мислење и каков е понатамошниот тек на она што ќе го кажувате.

Pinterest

  • Пивремено, пијте вода

Задолжително носете со себе вода и направте пауза. Не само што ќе ви помогне да се потсетите што требаше да зборувате понатаму, туку и ќе направите пауза која ќе ја натера публиката да биде во исчекување за тоа што следи.

 

  • Аргументирајте, имајте кредибилитет и бидете уверливи во вистинитоста за она што го кажувате, па натерајте ја публиката да ви верува во вашето знаење и да се фасцинира од истото.
  • За крај, бидете концизни

На ни едно доделување на Оскарите во Холивуд на пример, добитниците не излегуваат со долги и досадни говори. Тие кажуваат само неколку реченици. Колку и да ви звучи интересно она што сакате да го кажете, скратете го колку што можи повеќе.

 

GOLD
To Top