Новости

Живот

Неколку факти и мислења за љубомората кои изгледа не сте ги слушнале или не сте ги размислиле

Љубомората е всушност нормално чувство кое сите сме го искусиле на ваков или таков начин. Но, доколку тоа чувство се зголеми, премине во навика дури и во параноја, тогаш имате проблем. Психолозите тврдат дека љубомората во одредени граници е нормална, но што ако се преминат тие граници и немате контрола врз тоа чувство?

Кои личности се најчесто љубоморни?

Нарцисоидните личности или оние кои премногу се сакаат себе си, котираат на првото место. Тие најповеќе сакаат светот да се врти околу нив, а штом не добиваат доволно внимание, стануваат незадоволни и љубоморни.

Сте знаеле ли дека во психологијата постои синдром кој се вика „Отело“, а неговото име доаѓа од Шекспировата драма. Отело е Шекспировиот лик кој од преголема љубомора ја убива својата жена Дездемона. Според ова, претпоставувате за каков синдром се работи. Стнува збор за луѓе со нарушено невролошко и ментално здравје кои се опсесивно љубоморни и ги преминуваат границите живејќи во параноја, па го проверуваат својот партнер за секое едно нешто, немајќи никаква доверба во него. Најчесто се јавува кај мажите, но честа појава е и кај жените.

Pinterest

Зошто партнерите во врска знаат да бидат љубоморни? Тоа е резултат на основното чувство страв од неуспех или страв од прашањето, дали тие навистина се толку добри за вас.

Дали животните знаат да бидат љубоморни?

Кучињата и приматите се најљубоморни животни. Научно е докажано дека овие животни знаат да создадат силни врски помеѓу себе и со луѓето, па кај нив се јавува љубомора и во преголеми димензии.

Оние луѓе кои се љубоморни, всушност не се вљубени, што значи љубомората не е доказ и не е никаква љубов.

GOLD
To Top