Новости

Живот

Паровите кои знаат да наздрават со чашка – две заедно, се посреќни

Во врската најважен е разговорот, разбирањето од страна на вашиот партнер, делењето на исти или слични цели, соништа, навики, аспирации.

Но, според едно истражување на состаноците кои се најчести на почетокот на врската, а и понатаму во брачната заедница, доколку партнерите можат и знаат да наздрават со чашка или две заедно, тие би требало да имаат посреќен брак од оние другите кои веројатно не се согласуваат со оваа навика.

Сепак, не разговараме за доведување до алкохолизирана состојба, затоа што тоа е дефинитивен чекор кон распаѓање на сеуште незапочнатото ,,љубовно партнерство”.

Ова необично истражување, е направено дури на 4864 парови кои се во брак 34 години.
Како и да е, според нас не е пресуден алкохолот за една ,,брачна институција” да доживее успех. Сте наздравиле или не, веројатно е најважно што и да правите, да правите заедно.

GOLD
To Top