Новости

Живот

Сите знаат да ти дадат совет, но никој не знае „како“!

Сите сме имале одредени ситуации во кои не знаеме што да правиме. И тогаш, како по инерција, нормално бараме совет од најблиските и од пријателите.

Но, сите знаат да ти кажат:„Направи го тоа!“ „Немој да му даваш димензија…!“ Постојано слушаш:„Немој! Немој Немој!“ Но, имам едно прашање:„Знае ли некој КАКО?“ Прилогот за начин мои драги, тоа е најтешкото прашање кој не секој може да го одговори. Однапред знаеме каков совет ќе ни биде даден, знаеме за добронамерноста, знаеме за последиците, но не знаеме како. А тоа „како“ никој не го кажува.

Лесно е од другата страна, како пасивен слушател или набљудувач. Лесно е да се внимава на секој изустен збор од оној кој бара помош, но најтешко е да се најде солуција за него. Затоа да не бидеме многу паметни и да бидеме претпазливи со оној кој ни се обраќа. Понекогаш и да го ислушаме е доволно, а ако не знаеме да одговориме на „прилогот за начин“, подобро е да молчиме отколку да се правиме паметни.

GOLD
To Top