Новости

Живот

Совети како побрзо да си го организирате времето

Вежбајте наутро. 

Веднаш штом се разбудите, обавете го вашиот тренинг. Така ќе бидете полни со енергија во текот на целиот ден и наместо да ја одложувате оваа обврска, веќе ќе ви биде завршена.

Правете кратки паузи во текот на работниот ден

Иако ова не ви звучи точно, верувајте дека правењето кратки паузи од неколку минути, е многу важно. Затворете ги очите неколку минутки, опуштете се, релаксирајте се. Истегнете ги мускулите, телото, рацете, нозете, па дадете му сигнал на телото повторно да се активира.

Одредете си приоритети

Направете листа на вашите обврски и секое утро запишете си ги првите три главни приоритети. Најпрво завршете ги нив, па потоа продолжете со другите.

Избегнувајте го телефонот

Телефонот тргнете го на место подалеку од вас во текот на денот кога сте „кнап“ со време. Можеби не сте сфатиле, но на телефонот можеме да останиме многу повеќе од времето кое сме го планирале и тоа без да заприметиме.

Одбирајте алишта по ист распоред неделно

Тоа би значело, комбинацијата да ви е слична. На пример, кошула, панталони, чевли. И повторувајте: Кошула панталони, чевли, но во рзлична боја на пример. Така точно ќе знаете што барате, кога ќе го отворите вашиот плакар на утро и ќе заштедите на време и нерви од помислата дека никогаш немате што да облечете.

Верувајте во вашиот мултитаскинг 

За крај, верувајте во вашите мултитаскинг способности и сакајте си го животот баш таков каков што е. Макар да е и во паника. Животниот стил е огледало на вашата личност, а обврските со причина му се случуваат само на оној кој може сето тоа да го престигне.

GOLD
To Top