Новости

Живот

Совети кои ќе ви помогнат да го избегнете стресот и напнатоста

Со оглед на актуелната ситуација со пандемијата, некако едвај ја преживеавме оваа година. Последиците од лошите вести, забраните и целокупно новиот начин на живот на кој во енормно брзо време се прилагодивме, си ги носат со себе последиците како стресот и напнаоста. Го променивме нашето „нормално“ и тоа толку брзо, што самите се чудиме од фактот колку можеме да бидеме прилагодливи.

Но, како да успееме да го избегнеме целиот тој стрес и напнатост? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат околу таа борба со себе си:

Бидете креативни и размислувајте кративно. Така ќе ја оттргнете лошата мисла и ќе се концентрирате на нешто друго. На пример пред спиење, не размислувајте околу животните планови, не навраќајте го лошиот и напнат ден и не преиспитувајте се каде сте погрешиле. Наместо тоа, размислувајте како ќе го декорирате домот, како ќе ја дочекате пролетта уредувајќи си го балконот или како утре ќе го направите омилениот рецепт и ќе го изненадите целото семејство. И мажите треба да размислуваат креативно во одно на нивните перцепции. Пред спиење задолжително завршете го денот со молитва и добра мисла. Како што ќе посакате ноќта, така ќе се разбудите утрото.

Дефуксирањето од проблемот е релавантен фактор за да го избегнете стресот. Кога ќе помсилите на нешто лошо или на некој непосакуван спомен кој туку така се појавил во вашата глава, избркајте го тој непоканет гостин со што ќе се дефокусирате од неволната акција на умот. Што би значело тоа? Мислите можат да се променат само доколу еден акт се замени со друг акт. Постојаната постапка на тоа, ќе ве натера целосно да ги заборавите лошите мисли и едноставно ќе ги избркате. На пример ако одеднаш пред спиење ве нападнат лоши мисли, не препуштајте им се, наместо тоа отворете ја омилената ваша книга или списание и задлабочете се во сосема друга приказна.

Верувајте во чуда и понекогаш на Бог оставете му да го реши проблемот кој вие веќе не можете да го решите. Ако некогаш едноставно се чувствувате како во безизлез, потсетете се на она во што верувате кое е секогаш со вас и помолете се или едноставно речете:„Овој проблем го оставам во твои раце! Знам дека ти најдобро ќе знаеш да го решиш!“ Верувајте испробана тактика или молитва. Но, успева само ако доволно верувате. Затоа велиме дека треба да речете:„Знам дека…!“ Енергијата, Бог или во што и да верувате…Едноставно мора да верувате!

Направете селекција во однос на вашето опкружување. Тоа не значи дека не треба да имате повеќе одредени пријатели. Но, едноставно потебна е селекција и избегнување на оној „енергетски вампиризам“, кој само ви ја одзема позитивната мисла и ве растажува иако ништо тажно всушност не ви се случило. Тука би рекле да ги избегнувате следните типови: Избегнувајте ги хипохондриците, оние кои постојано се жалат и не се задоволни никогаш од својот живот, избегнувајте го злото, љубомората, зависта и оние кои постојано се споредуваат и се љубопитни за вашиот живот. Наместо тоа, прифатете го доброто во овој свет. Дружете се со оние луѓе кои веруваат во вас и во вашите квалитети. Но, со кои да сте одбрале да бидете, потрудете се сите да ги сакате.

Работете на себе си и повторувајте си дека сте храбра личност. Храбра личност, која сепак понекогаш знае да заплаче.

GOLD
To Top