Новости

Астрологија

Љубовен хороскоп за април 2017: Венера ќе ги стави врските на поправен испит

Овен

Овој месец ќе чувствувате многу страст. Без оглед на тоа дали сте во врска или не, ќе си поминувате како никогаш досега, а сексуалната енергија особено ќе биде нагласена. Искористите ја наклонетоста на ѕвездите во ваша поза. Ако сте во долга и сериозна врска – нешто ќе се случи, или ќе раскинете или ќе се решите да ја однесете врската на повисоко, посериозно ниво.

Бик

Април носи турбулентни денови кога станува збор за љубовта. Ако сте сингл, тоа ќе се промени единствено ако вие тоа го сакате. Моменталните прилики не ви се допаѓаат премногу. Доколку сте во врска, овој месец носи проблеми со вашата блиска личност. Некои работи ќе излезат на виделина и нема да знаете како да се носите со тоа. Не очајувајте, ова е само моментален стрес кој брзо ќе помине.

Близнаци

Овој месец вашата врска ќе биде на проба. Проблемите кои ќе се појават ќе направат да се запрашате дали навистина сте среќни во врската и дали е тоа што го сакате. Затоа, преиспитајте се себеси и своите очекувања. Силните врски ќе опстанат, додека пак оние слабите – ќе пукнат. Немојте да се брзате за врска или брак, само за да не бидете сами. Слушајте ги своите чувства, желби и потреби. Вие најдобро знаете.

Рак

Кога станува збор за вашиот љубовен статус, април е месец на убава комуникација. Затоа, ако сакате нешто, искомуницирајте добро. Ако се случи некаков проблем, не очајувајте веднаш, туку зборувајте. Ништо не е толку страшно колку што изгледа.  Освен тоа, овој месец морате да имате на ум, колку и да ве сака некој , тој ќе направи обид да биде со вас, нели? Затоа, бидете отворени и комуникативни.

Лав

Вам ви се брза и сакате да видите што ќе се случи со вашиот љубовен живот, без оглед на тоа дали сте сами или во врска. Но, ако ги силите работите, нема да постигнете ништо. Затоа, смирете ги страстите, воздивнете, дишете и бидете трпеливи. Некои нешта не можете да ги држите под контрола, бидејќи морате да пуштите да се решат сами од себе. Затоа, ако е судено – тоа и ќе се случи. Чекањето понекогаш е тешко, но немате избор.

Девица

Април за вас е месец за љубов. Ќе бидете среќни како никогаш и ќе уживате во својот љубовен статус, каков и да е. Крајот на април носи позитивни промени и интересни случувања, а на вас е да се препуштите и да уживате. Ако се размислувате за проширување на семејството, април е совршен месец за тоа.

Вага

Време е за љубовни преиспитувања. Всушност, време е да ги преиспитате своите чувства за да знаете дали сте задоволни таму каде што сте, или потребно е да ја завршите врската? Секако, предизвиците кои ги имате, ќе ви дадат одговори на многу прашања кои постојано ги баравте, а крајниот резултат ќе биде добар за вас. Ако сте сами, овој месец има потенцијал да ви го донесе идеалниот партнер.

Шкорпија

Ако овој месец сте во потрага по љубовта, љубовта конечно ќе ве пронајде вас. Време е конечно да го смените својот сингл статус, а пролетта ќе донесе многу убави моменти во вашата врска, нова или постара и посериозна. Немојте премногу да размислувате, само препуштете се. Зафатените Шкорпии ќе уживаат како никогаш.

Стрелец

Вашиот љубовен статус во текот на овој месец ќе биде оптеретен со работата, односно поради „трчањето по кариера“ тешко ќе можете да се сконцентрирате на своите љубовни чувства. Тоа не мора да биде лошо, особено ако сте сингл. Ако сте во врска, ве очекува луда забава со партнерот и ќе се чувствувате многу моќно. Планирате брак или проширување на семејството? Направете го тоа.

Јарец

Бидете подготвени за пролетно чистење на емоциите. Ако сте сами, конечно ќе сфатите што навистина значи да „тргнете во лов“, но ако сте во врска бидете подготвени дека вашата љубов можеби нема да преживее. Ако тоа што го имате е силно и стабилно, немојте да се плашите, нештата ќе дојдат на свое, но ако сте долго време во криза, двајцата ќе тргнете по својот пат.

Водолија

И вам ви доаѓа опасност од кршење на вашето срце. Април ќе донесе одговори на прашањата кои долго време ги имавте, но ќе преживеат само силните и стабилни врски. Сепак, размислувајте позитивно – ако вашата врска не е квалитетна, подобро е да сте сами, отколку заглавени во хаос. Крајот на месецот носи подобрување на љубовен план.

Риби

За родените во овој знак, април носи среќа во љубовта. Но, ја заслуживте конечно. Ако сте сингл, тоа нема да биде долго така, додека пак Рибите кои се во врска, ќе ја однесат врската на повисоко ниво. Овој месец ѕвездите ви се наклонети за романтично уживање.

GOLD
To Top