Новости

Живот

10 работни вештини кои ќе се бараат во иднина

Според „LinkedIn“, најбараните 10 вештини за 2016-та година горе-долу биле поврзани со развивање на технологијата. Некои од тие вештини се: анализа на податоците и презентации, веб архитектура и развој на програми, но исто така се барани и вештини како што се водство и менаџирање, преговарачки способности, менаџмент на човечки ресурси, маркетинг експерти и слично. Сепак, некои предвидувања откриваат дека до 2020-та година, вештините кои ќе се бараат од работниците ќе бидат малку поразлични. Погледнете што треба да почнете уште од сега да развивате, доколку сакате да бидете успешни и за 3 години од сега.

1.Пронаоѓање смисла

Вештина со која би биле во можност да го откриеме и да го дефинираме подлабокото значење и важноста на она што е изразено.

2.Социјална интелигенција

Способност за поврзување со другите на длабок и директен начин за да ја стимулираме реакцијата и да ја воспоставиме посакуваната интеракција со соработниците.

3.Иновација и адаптивно размислување

Усовршување на размислувањето и пронаоѓање решенија надвор од рамките на ограничените правила.

4.Способност за адаптација во различни култури

Можност за работа во различни културолошки опкружувања.

5.Компјутерско размислување

Можност за компресија на огромен број податоци во апстрактен концепт и разбирање и резонирање на основната база со податоци.

6.Писменост во новите медиуми

Способност за критичка проценка и развој на содржината во форма на нови медиуми, како и користење на овие медиуми за комуникација на убедување.

7.Познавања од повеќе области и дисциплини

Писменост и способност за разбирање на концептите во различни дисциплини.

8.Дизајнерски менталитет

Вештина за претставување и развој на задачите, како и процес на работа кој е насочен кон остварувањето на посакуваниот резултат.

9.Менаџмент на когнитивен товар

Способност за филтрирање и отфрлање на неважните од важните информации и умешност за подобрување на когнитивните функции за ефикасноста.

10.Виртуелни соработки

Способност за продуктивна работа и вклучувања, како и чувство за припадност во виртуелниот тим.

Можеби ќе се изненадите од фактот дека во иднина ќе се ценат вештините кои сме започнале да ги учиме уште во градинка. Тоа се вештини како споделување, комуникација и преговарање со другите. Модерното работно место, каде што луѓето се движат помеѓу различни улоги и проекти, според својот концепт доста многу потсетува на градинка или училиште, каде што учиме да ги развиваме нашите социјални вештини, како што се емпатија и соработка.

Новите генерации до некаде се адаптирани и усогласени со премините на пазарот на трудот. Можеби системот на едукација сѐ уште не се модернизирал и унапредил доволно, но развојот на интернетот и достапноста на информации е наш посебен професор за усвојување нови вештини и сфаќање на промените во светот. Сѐ повеќе има луѓе кои точно знаат како е потребно да влезат на пазарот на труд и токму од нив можете многу да научите.

Извор:kafepauza.mk

Евротип
Евротип
To Top