Новости

Живот

4 нешта кои објаснуваат зошто луѓето се плашат од неуспех?

Зошто се плашиме од несупех? Што ни се случува на мозокот и кои се всушност знаците кои ги рефлектираме како кочници кои не сопираат да се избориме со оваа битка.

Ние всушност не се плашиме од неуспех, туку се плашиме да не случајно тоа трае премногу

Стравот од неуспех всушност е ниска самодоверба. Овие луѓе се плашат дека ако станат „лузери“ наместо победници, тоа ќе трае премногу и за цел живот ќе бидат обележани и критикувани. Затоа не се ни дрзнуваат да започнат нешто што би им донело вистинска среќа. Наместо тоа, лесно се откажуваат од самата идеја и веруваат дека ова може само нив да им се случи. Со други зборови, мислат дека светот се врти само околу нив и само нив им се случуваат лоши нешта.

Не знаат да ризикуваат или се плашат

Тие се плашат да ризикуваат и се кријат зад полисата:„Немам доволно средства. Сигурно ќе пропаднам!“.

Пренесуваат негативна вибрација кон универзумот

Пренесуваат негативна информација кон универзумот, која подоцна ќе им стигне како фидбек кој вели дека тие се „малерозни“. Воопшто не веруваат во чуда, па и да им излезе „математиката“, тие пак нема да застанат на стартот на оваа трка.

Се консултираат и бараат мислење од безброј пријатели

Според нив, секој мисли подобро. Тие се неодлучни и мора некој да им каже што треба да се направи иако тоа го знаат.

За крај, сите луѓе доживуваат неуспеси. Едноставно, тоа е неминовно во овој живот и истото не прави похрабри и уште поподготвени да превземаме ризици. Верувајте во себе, верувајте во чуда, превземете го тој ризик. Самокритиката е добра, но до одреден степен, понатаму може да премине во нешто што се вика страв од себе си, а тоа е најлошото што може да му се случи на човек. Повлекува последователни фрустрации, комплекси, стравови, ниска самодоверба и се на се, лош начин и стил на живот. Не би го сакале тоа за вас, нели?

GOLD
To Top