Новости

Астрологија

Астро водич: Откријте го својот сексипил

Овен

Зошто животот, а со тоа и сексот да го правиме сложен и комплициран, кога се е толку едноставно? – ова е типична изјава на личност родена во овој знак. Овните многу добро знаат што сакаат, а она што го сакаат, го сакаат сега и веднаш. Нивната формула за совршен љубовен напиток гласи: една третина романтика и две третини страст и анимален нагон. Нивната сексуална харизма, речиси е потполно опиплива. Мажите од овој знак ги карактеризира чувство за провокација, глад за авантури, каприци, и исконска потреба работите да ги прават на свој уникатен и неповторлив начин.

Сексипилот на Овенот носи машка енергија, но одлично ја носат и женските припаднички на знакот. Таа е искрена, отворена, директна, спонтана, ведра, решена да не се препушти на животот, туку да го живее. И тоа онака како што сака таа.

Бик

Сексипилот на родените во овој знак се темели на нивната сензуалност и смислата за романтика. Заведувањето, освојувањето и водењето љубов за нив е уметност и вештина. Нешто слично како занает кој бара години практика и вредна работа. Типичниот Бик (и маж и жена) ќе ве освојат со нивниот глас. На некој начин нивниот глас е нивен заштитен знак– небитно дали е нежно зарипнат, длабок или висок, често поседува посебна вибрација од која ќе се наежите.

Покрај карактеристичниот глас, родените под патрон на Венера често поседуваат изразита, впечатлива женственост, односно изразито машки телесни квалитети.

Близнаци

И покрај тоа што Близнаците ги сметаме за вечни деца во Зодијакот, и не уживаат репутација на сексипилен знак, тоа само така изгледа на прв поглед. Затоа што и вештината на интересната комуникација, острата интелигенција, ноншалантниот настап и смислата за хумор, можат да бидат моќни атрибути.

Харизмата на жената Близнаци ја одликува нејзината воздржаност, софистицираност и паметниот, интелигентен поглед.

Рак

Топлината, нежноста и големото срце се главните атрибути кои го одликуваат шармот на родените во овој знак. Нивната емоционалност, ранливост и сензитивност се видливи на прв поглед. Не е тешко да се потклекне пред воздржаниот, но со емоции набиен сексипил на Ракот. Во нивниот занесен поглед лесно се препознава повик на вечна љубов, поддршка и разбирање, која ќе ја добивате безусловно. Им поаѓа од рака да го видат најдоброто во вас и влеваат сигурност дека секогаш ќе бидете на главното место во нивното срце. Тоа е клучот на нивната фаталност.

Лав

Веројатно на никој не му оди од рака да биде толку обожуван и љубен како Лавот. Нивната силна личност, вродениот гламур, достоинственоста и магнетизмот, се главни причинители за нивното водство на скалата на посакувани објекти и сексуални икони. Во светот на сјајот и раскошот се снаоѓаат одлично. Без лажна скромност ќе ви признаат отворено дека едноставно сакаат да бидат обожувани, ама и сакаат да обожуваат.

Девица

Малку срамежлива насмевка, софистицирани манири, скромност и аура на таинственост, неодоливо ве тераат да гребете под површината и да откриете што е тоа што се крие зад негуваниот изглед и со вкус избраната гардероба. Тоа се составните елементи на сексипилот на Девицата. Тие се перфекционисти во се што прават, па и водењето љубов за нив е вештина која треба да се усоврши. На прв поглед можеби се резервирани и ладни, но внатрешно се цврсти и енергични.

Вага

Воздушните Ваги вештината на милото кокетирање и суптилно заведување со свеќи и романтика, ја издигнаа на ниво на уметност. Во основата на нивната животна филозофија лежи реченицата од бајките….и си живееја среќно и долго до крајот на животот. Неодоливата моќ на нивната привлечност лежи во ветувањето на љубов до гроб, која ја изговараат со секој свој гест, насмевка или поглед.

Шкорпија

Дури и оние што не се упатени во астрологијата, ги сметаат Шкорпиите за личности со фатален, речиси, убиствен сексипил. Сексуалноста за нив е повеќе од игра на телата или задоволување на нагонот – тие ја претворија во вистинска “религија”. Магнетската привлечност со која зрачат е опиплива и реална. Страста, љубовта и потполното прифаќање, се главните работи без кои не можат да го замислат животот.

Стрелец

Родените во овој знак на посебен начин им поаѓа од рака да ги спојат огнениот темперамент со нагласената индивидуалност и независност. Се што прават, го прават на свој, посебен начин. Како да сакаат со нивниот став и однесување да ни кажат – Животот е авантура и игра, па тогаш зошто да се грижиме? Секогаш се уверени во исправноста на она што го прават и вечно се во потрага по идеалите. Разиграни, ведри, оптимистични и спремни на предизвици, тие се неодоливо привлечни. Тие се вистинско освежување за оние што бараат бегство од секојдневната рутина и монотонијата на секојдневието. Моќта на нивниот сексипил произлегува од магијата на нивната животна филозофија – имаат свои цели и идеали и се спремни за нив да платат цена.

Јарец

И покрај тоа што преовладува мислењето дека во животите на родените во овој знак владеат работата, редот и дисциплината, голем број на секс-икони имаат потпис во овој знак. Токму поради одговорноста, верноста,сериозноста и залагањето за традиционалните вредности, како што се бракот и трајните љубови, ги прави Јарците – посакувани партнери. Недопирливоста и недостапноста се уште еден адут на мажите и жените родени во овој знак. Не е лесно да ги освоите, ама еднаш ако се опуштат и ако се препуштат на љубовта, ќе откриете во нив верни, исклучителни и издржливи љубовници. Истото важи и за жените од овој знак. Тие се способни да остварат успешна кариера, а притоа воопшто да не изгубат од својата женственост.

Водолија

Родените под капата на Уран, оставаат впечаток на “збунети научници”, индивидуалисти кои си го тераат својот филм и не се грижат многу за општествените норми, па ни на оние што се однесуваат на љубовта и партнерството. Во нивниот пристап на животот нема многу место за длабоки страсти и емоции. Нивниот дух е насочен кон височините. Но, токму овие карактеристики се главните состојки на нивниот сексипил. За сите оние кои се желни за љубов која се базира на разбирање, пријателство и уважување, Водолијата е вистински избор. Иако Водолиите на љубовта и пристапуваат поинаку, ексцентрично, по малку етерично – нивната љубов секогаш е посебна.

Риби

Креативните, романтични и по малку занесени Риби, вистински и длабоко веруваат во љубовта. Ги опкружува аура на таинственост, мистичност па дури и магичност. Ако не поседуваат директен, на прва топка, очигледен сексипил, притаената моќ со која располагаат е уште поопасна. Родените во овој знак се вистински заводници. И покрај тоа што нивните методи на освојување се рафинирани и маскирани. Кога еднаш ќе се заплеткате во нивната мрежа, нема да ви преостане ништо друго освен да се препуштите. Тие веруваат во чуда, посебно ако љубовта е во прашање. Навидум нежни, исплашени и повлечени, можат да бидат мистични, таинствени и фатални заводници.

 

Евротип
SNBROKER
To Top