Новости

Астрологија

Астро детекција: Кои се недостатоците во вашето однесување

Обично кога читате хороскоп сакате да ги слушнете само добрите карактеристики на вашиот знак. Но, понекогаш е важно да ја запознаете и вашата негативна страна за да можете во целост да се спознаете. Можеби некои од недостатоците ќе ве навредат, но важно е да бидете свесни за нив бидејќи само така можете да ги прифатите, а потоа и да почнете да работите на нивно менување.

Овен – импулсивни

Овните трчаат кон нивните цели без да размислат за последиците. Кога ќе им ги тргнете настрана шармот и динамичноста, ќе сфатите дека се себични, детинести и импулсивни во обидот да ги остварат своите соништа.

Бик – лакоми

Биковите се бавни и мрзливи материјалисти. Тие имаат преголема самодоверба и секогаш мислат дека се во право. Интелектуалното и духовното размислување не ги интересира. Тие мислат дека нивната цел на Земјата е да ги научат другите како да живеат и секогаш мислат дека знаат најмногу.

Близнаци – плитки

Близнаците можат да звучат како вистински интелектуалци, но кога ќе обрнете повеќе внимание ќе сфатите дека всушност не кажуваат ништо. Нивната мудрост доаѓа само од интересни информации и анегдоти и ова станува очигледно кога преминуваат од една тема на разговор во друга.

Рак – плачковци

Раковите се премногу чувствителни и никогаш нема да знаете точно како се чувствуваат. Но, јасно е дека тие се најголемите плачковци во целиот зодијак. Секогаш мислат дека се жртви и ако мислите дека треба да бидат посилни, тоа нема да се случи.

Лав – нарциси

Лавовите се зафатени со фалење за своите подвизи кои баш и не се нивни. Тие имаат потреба некој да ги обожава. Кога нема некој таков, тие почнуваат самите да се фалат.

Девица – нервозни

Девиците мораат да ја следат својата рутина. Тие не можат да се опуштат и да се забавуваат и не можат да поднесат неред.

Вага – лицемери

Вагите ќе направат сè за да бидат прифатени и сакани. Друг нивен проблем е што им е навистина тешко да донесат одлука.

Шкорпија – уништувачи

Шкорпиите обожаваат да ја покажуваат својата сила во секоја врска, и на крајот ја прават врската да изгледа како политичка драма. Тие бараат многу, а даваат малку и со тек на време создаваат огромен неред што не можат да го исчистат.

Стрелец – прават сè за внимание

Стрелците изгледаат интересни со нивните ораторски способности, но вистината е далеку од тоа. Нивните зборови се начин да ја избегнат реалноста, бидејќи тие не трагаат по знаење, туку по внимание.

Јарец – ладни

Јарците изгледаат како здодевни и ладни, освен ако не им помогнете. Тие сакаат да успеат и ќе направат буквално сè за да стигнат до врвот, дури и ако треба да искачат преку вас.

Водолија – незаинтересирани

Водолиите изгледаат како уникатни и хуманитарни. Но, единствено нивната желба да бидат уникатни ги прави такви. Тие се навистина незаинтересирани и апатични во врските.

Риби – пречувствителни

По некое време забораваат како им изгледа лицето под маската. Рибите секогаш тргнуваат негде и на пола пат забораваат каде оделе. Тие живеат во вистински хаос и се изгубени во овој свет.

 

GOLD
To Top