Новости

Астрологија

Астропсихологија: Колку се познавате себеси?

Прочитајте за особините на секој тип на личност, добро замислете се и врз основа на тие главни карактеристики идентификувајте се со еден од нив. Потоа откријте што ве води низ животот.

Врз основа на една од најпознатите психолошки теории за основните типови на личности и нивната класификација постојат девет базични типови на личности. Да се познава одреден тип на личност значи да се познаваат и да се разликуваат основните модели на однесувања во разни ситуации, а особено во комуникацијата или изразувањето и во текот на нивното дејствување.

Личностите кои спаѓаат во “истиот” тип личности во голема мера се и слични меѓу себе. Сепак, постоењето на одредени разлики во рамки на секој тип одделно потекнуваат од неколку фактори, од кои како најзначајни се спомнуваат: менталниот и интелектуалниот степен на развој, возраста, вродените карактеристики, социјалната средина во која живее личноста и културата на која припаѓа.

По малку утешително, но по малку и поразително звучи сознанието дека постојат многу луѓе кои се слични на нас. Значи, тајната на одговорот или суштинското објаснување на она поради што, сепак, не сме сите исти се наоѓа во бројните облици на нашето однесување, односно во различностите од една до друга личност.

Главни одлики на деветте основни типови на личности 

Прочитајте за особините на секој тип на личност, добро замислете се и врз основа на тие главни карактеристики идентификувајте се со еден од нив. Поточно, пронајдете ја вашата личност.

Ако се однесувате совесно, одговорно и принципиелно, имате реални сфаќања и ставови, високи идеали и амбиции и настојувате да живеете во согласност со нив, вие сте ПЕРФЕКЦИОНИСТ. Кореспондира со хороскопските знаци: Јарец, Девица, Вага, Бик. 

Ако се однесувате срдечно и се грижите за другите, заинтересирани сте и чувствителни за потребите на другите луѓе, поседувате емотивна ширина, разбирање и топлина, вие сте ПОКРОВИТЕЛ. Одговара на хороскопските знаци: Риби, Стрелец, Водолија, Рак.

Ако се однесувате енергично, амбициозно, секогаш сте оптимист, сигурни сте во себе и сте ориентирани кон јасни, фиксирани цели, вие сте РЕАЛИЗАТОР. Кореспондира со хороскопските знаци: Стрелец, Шкорпија, Овен, Лав. 

Ако сте чувствителни, љубезни, нежни и љубопитни спрема другите, реагирате особено сензибилно и чувствително, се водите од своите емоции, сетила или чувства, вие сте РОМАНТИЧАР. Кореспондира со хороскопските знаци: Рак, Риби, Лав, Вага. 

Ако сте повлечени, љубопитни, аналитични и проникливи бидејќи имате нагласена потреба за знаење и учење, изгледате замислено, љубопитно и конструктивно, вие сте ПОСМАТРАЧ. Кореспондира со хороскопските знаци: Близнаци, Девица, Водолија, Риби.

Ако сте одговорни, имате самодоверба, приврзани сте кон семејството, пријателите и друштвата, тежнеете кон предизвици, имате отворен дух и како авангардна личност помалку сте склони на противење, вие сте ИСТРАЖУВАЧ. Кореспондира со хороскопските знаци: Шкорпија, Девица, Јарец, Овен. 

Ако сте енергични, динамични, полетни и оптимисти, имате желба постојано да правите нешто добро и големо, секогаш барате нови предизвици и возбудливи патувања, вие сте АВАНТУРИСТ. Кореспондира со хороскопските знаци: Овен, Стрелец, Вага, Близнаци. 

Ако сте сигурни во себе, имате целосна самодоверба, директни сте и пробивни, влевате доверба кај другите и се однесувате заштитнички, имате иницијативи и постојано сте активни, не одолевате на ризици, вие сте САМОУВЕРЕНИ. Кореспондира со хороскопските знаци: Шкорпија, Јарец, Овен, Лав. 

Ако сте отворени, исклучително друштвени, срдечни и внимателни, културни и убаво воспитани, дипломатски мудри, полни со разбирање за другите и секогаш подготвени да пружите поддршка поради што многумина ве сакаат, вие сте КОМУНИКАТИВНИ. Кореспондира со хороскопските знаци: Близнаци, Стрелец, Рак, Водолија. 

Што ве води низ животот? 

ПОКРОВИТЕЛИ, РЕАЛИЗАТОРИ И РОМАНТИЧАРИ – низ животот ги води СРЦЕТО (чувствата). Кореспондира со хороскопските знаци: Рак, Риби, Лав, Овен.

ПОСМАТРАЧИ, ИСТРАЖУВАЧИ И АВАНТУРИСТИ – низ животот ги води ГЛАВАТА (мислењето). Кореспондира со хороскопските знаци: Близнаци, Стрелец, Девица, Водолија.

САМОУВЕРЕНИ, КОМУНИКАТИВНИ И ПЕРФЕКЦИОНИСТИ – низ животот ги водат ИНСТИНКТИТЕ. Кореспондира со хороскопските знаци: Шкорпија, Вага, Бик, Јарец.

GOLD
To Top