Новости

Астрологија

Близнаци – родени се да ве излудат и никогаш да не ги заборавите

Првата асоцијација на која помислуваат луѓето кога ќе слушнат за овој знак е – дволичноста. Сепак, секој Близнак ќе ви каже дека тие не се дволични, само се многу комплексни личности кои често и брзо ги менуваат своите мислења и емоции. 

Променливоста е вистинскиот збор кој го опишува овој двоен знак. Експресивни и остроумни, Близнаците ги претставуваат двете различни страни на личноста, и никогаш не можете да бидете сигурни со која од нив ќе се соочите. Од една страна може да бидат друштвени, комуникативни и подготвени за забава, додека од друга, овој воздушен знак знае да биде замислен, сериозен, немирен, па дури и неодлучен. И двата Близнаци можат многу добро да се прилагодат на животното опкружување, и токму заради тоа е прекрасно да ги познавате. Ништо не е досадно кога Близнаците се во главна улога.

Како воздушен знак, Близнакот е окупиран со сите аспекти на умот. Исто како и другите два воздушни знаци, Вага и Водолија, Близнаците имаат потреба да го користат својот ум, не само за идеи, туку и за изразување на светот околу себе. Со цел да се развива и расте, Близнакот мора да си поставува тешки животни прашања.

Близнаците се водени од планетата Меркур, која раководи со комуникацијата, пишувањето и учењето на другите. Оваа планета многу брзо се движи, а тоа понекогаш значи дека нивното внимание е со краток здив. Вљубени се во идеите и зборовите, па ако сакате да ги следите во чекор, ќе морате да го ставите прстот на челото. Се во светот ги фасцинира и имаат чувство дека немаат доволно време да го искусат сето она што сакаат да го видат. Тоа ги прави извонредни уметници, писатели и новинари.

Родените во овој знак понекогаш имаат чувство дека им недостасува другата половина, па секогаш ја бараат во пријателите, менторите или соработниците.

Делот од телото кој се поврзува со овој знак се рацете, рамената и градите. Близнаците мора да посветат повеќе внимание на овие области од телото и да се погрижат за нив. За да можат да уживаат во среќен и долг живот, белите дробови би требало да бидат отворени и слободни.

Заради нивната сестраност и љубопитност, многу е важно да не превземаат премногу обврски на себе. Бидејќи ако ја нарушат својат здравствена состојба, нема да бидат во можност да го искусат сето она што сакаат да го доживеат. Главниот предизвик се појавува кога Близнаците не можат да останат верни и доследни на една идеја, убедување или личност. Наместо да ја трошат енергијата на различни страни, подобро е да останат фокусирани на најважните цели.

GOLD
To Top