Новости

Астрологија

Годишен хороскоп – Девица (2017)

Вниманието и вредноста која ја посветувате на вашата емотивна врска ќе го одреди квалитетот на вашиот личен напредок на професионален план. 2017. ќе биде во знакот на конечно воспоставен баланс меѓу вашата пожртвуваност во однос на љубовта и прифаќање на приликите кои досега ги пропуштавте од различни причини.

Многумина од редовите на овој знак, во текот на претстојната година ќе донесуваат важни одлуки и ќе се решаваат на брак, а оние кои веќе стапнале на лудиот камен, треба да ја искористат оваа година уште повеќе да ги продлабочат своите емоции кон саканата личност и да го унапредат односот.

Девиците кои во текот на изминатата година трагаа по вистински партнер, во текот на оваа година коечно ќе ја препознаат љубовта на својот живот, благодарение на положбата на Марс, кој во текот на втората половина од годината ќе го активира секторот на љубовта, страстите и романтичните емоции.

Положбата на Сатурн во Стрелец, во секторот на домот и семејството, укажува дека ќе биде потребно да поднесувате мали жртви во името на некои повисоки цели. Можеби посериозно ќе размислувате за својата иднина и ќе правите планови како да си обезбедите поголема сигурност за вас и вашите најблиски.

Во текот на летните месеци, а особено во август и септември, ќе биде особено возбудливо, бидејќи ќе се ослободите од некои ограничувања и ќе напуштите некои односи кои ве терале да чувате некакви тајни и да не бидете потполно свои. Тоа ќе значи голем исчекор кон напред, поголема внатрешна интеграција, нови почетоци и повеќе лична слобода.

Положбата на Јупитер во последниот квартал од годината ќе ви донесе многу подобрувања на љубовен план, како резултат на воспоставените компромиси во постоечкиот однос, а трите затемнувања во секторот на личните страдања и исцелувањето ќе ви помогнат да ги надминете проблемите, да ги отпуштите старите стравови и да научите да ја искажувате љубовта на вистински начин.

Кога станува збор за работата и професионалниот развој, 2017. ќе донесе многу осцилации, подеми и падови, а тоа значи дека нема да ви недостасуваат возбудувања и добри вести. Со положбата на Јупитер во Шкорпија, од октомври 2017. многу работи ќе си дојдат на свое место, ќе имате поголемо разбирање за колегите и соработниците од вашето опкружување и ќе бидете во положба да склопите продуктивни договори.

Положбата на Уран во секторот на финансиите внесува некаква непредвидлива нота, особено во септември и октомври 2017. но поради положбата на Јупитер, епилогот ќе биде добар, а тоа ќе резултира во подобрување на финансиската ситуација.

Стабилната финансиска состојба ќе ви овозможи повеќе да се посветите на себе и да ги реализирате долго очекуваните патувања, некои ќе купуваат нова куќа или стан, а некои целосно ќе се посветат на љубовта и интимата и ќе се решат љубовта да ја крунисаат со венчавка.

 

Евротип
Евротип
To Top