Новости

Астрологија

Годишен хороскоп – Рак (2017)

Иако 2016. ви донесе значаен напредок во однос на претходните години, многумина од вас се запрашуваат дали направиле правилен потег на професионален план. Покрај напредокот во работата и кариерата, Сатурн ве соочуваше со важни прашања на приватно ниво, и моравте да се позанимавате со некои семејни проблеми. Сепак, планетата на промените – Уран, од 2011 се наоѓа во секторот на вашата кариера и позицијата во општеството, па работите сеуште не се стабилизирани и подлежат на различни и непредвидливи промени.

Од друга страна, во секторот на партнерствата се наоѓа Плутон (веќе долги 8 години), па многу Ракови се изложени на трансформативни и судбински промени на приватен и професионален план.

Во текот на 2016. затворивте некои важни прашања, а вие не сакате промени освен ако самите не ги креирате. Во текот на минатите години доволно се измачивте, па животните бранови барем на некое време ќе се смират и ќе донесат стабилност, која ви е толку многу потребна.

Нови работни можности доаѓаат веќе во март 2017, па обидете се да ги препознаете позитивните прилики и навремено да реагирате.

Најважен извор на среќа и личен развој ќе биде вашиот дом, па ако размислувате за купопродажба на недвижнини, 2017. година е идеална за тие прашања. Во исто време, многумина од вас ќе ја разгледаат и можноста за зголемување на приходите со работа од дома, или преку некој хонорарен ангажман.

На емотивен план постојано ќе бидете во некој расчекор меѓу она што од вас се очекува и искрените потреби да ги следите своите желби и потреби. Љубовниот живот на Раковите од втората декада ќе биде обоен со борба за освојување на наклонетоста на одредена личност, која веќе подолго време го окупира целото нивно внимание. Раковите кои се во долга врска или брак, ќе соочуваат со предизвици и ќе мора да се согласуваат на некои отстапки и компромиси, во името на заедништвото и некои повисоки цели.

Положбите на планетите во мај и октомври ќе ви отвори можност да обновите некоја стара љубов, ама и енергија да започнете нова романса со личност која долго време сте ја сметале за пријател.

Најважниот период за љубов ќе биде последниот квартал од годината, кога Јупитер влегува во Шкорпија и навестува решенија за некои долгорочни прашања и можности за вистинска и трајна љубов.

Evrotip
Евротип
To Top