Новости

Астрологија

Годишен хороскоп за 2019: БИК

БИК (20. IV – 20. V)

2019 година

Љубов

2019 ќе ве натера да балансирате меѓу љубовниот и личниот живот, меѓу „јас“ и „ние“, меѓу желбата да бидете физички интимни со саканиот и потребата од време само за себе. Доаѓа година која ќе ве натера да погледнете зад аголот и да не се ограничувате на она што ви го сервираат пред нос. Ќе се трансформирате себеси на прекрасни начини.

Среќната планета Јупитер речиси цела година ќе патува во вашата 8-ма куќа на интимноста и интензивните емоции. Ќе сакате со целото ваше срце, чисто и искрено. Всушност, ќе се чувствувате живо кога страста лудува низ вашето тело. Јупитер доаѓа тука само еднаш на 12 години, покажувајќи ви како изгледа безусловната љубов. Вие сте вообичаено личност која му придава најголемо значење на изгледот, на визуелното, но Јупитер ќе ве турне надвор од вашата сигурна зона, поттикнувајќи ве да им ја гледате душата на додворувачите.

Збогум, статус кво! На некои бикови 2019 година ќе им донесе вест за бременост, на други свршенички прстен, а на трети – брак. Ако не сте во врска, а сте заљубени, нема логика да ги криете чувствата, бидејќи тие јасно ќе се читаат на вашето лице. Голема е веројатноста во претстојните 11 месеци да го сретнете вашиот животен сопатник.

Додека Јупитер ќе ве тера да им посветувате големо внимание на вашите чувства, строгиот Сатурн ќе ве потсетува дека не треба да го потиснувате авантуристот во вас, зашто животот е здодевен без адреналин. Правете пресметани ризици и експериментирајте!

Уште во првиот месец од годината ќе се случи еклипса која ќе ви го промени семејниот живот. На 21 јануари ќе настапи полна месечина во вашиот фамилијарен сектор и ќе се случи тотална лунарна еклипса. Можно е конечно да решите проблем кој ви се провлекувал две години, да создадете семејна идила, да се зближите повторно со вашите деца или сопруг или да откриете дека сте бремена.

На 6 март Уран, планетата на изненадувањата и неочекуваните настани, ќе влезе во вашиот знак и ќе остане таму до 2026 година. Можно е вашиот живот одеднаш да тргне во сосема неочекуван правец – на пример да се заљубите во лице од друга култура или држава и да одлетате во странство, да одлучите дека не сакате нова врска и дека сте задоволни со статусот сингл или одненадеж да бидете запросени од саканиот. Очекувајте го неочекуваното.

Мај е месец кој ја буди природата, но вас ќе ви ја разбуди страста. Тогаш ќе се случи млада месечина во вашиот знак, а и романтичната Венера ќе се пресели таму. Харизмата ќе ви биде огромна, заведувајте и освојувајте. Нови почетоци ќе се родат за многу бикови.

И крајот на летото ќе биде прилично страстен за вас. Венера тогаш ќе патува во вашата 5-та куќа на романсата и плодноста, поттикнувајќи ве да ги зачестите интимните средби во спалната соба. За некои бикови, силната страст ќе резултира со позитивен тест за бременост.

Направете план за патување за следната Нова година. Среќниот Јупитер на крајот од 2019 година ќе се пресели во вашата 9-та куќа на авантурите и експанзијата. Ако сте во врска, одете на заедничко патување со саканиот за време на празниците, а ако сте соло, не ги игнорирајте поканите за пријателство на социјалните мрежи од лица од други држави. Можно е да се роди прекрасна врска на далечина за која нема да жалите.

Работа и пари

Машина за правење пари! Во 2019 година значително ќе си ја подобрите финансиската состојба, благодарение на напорната работа, но и на огромната среќа. Јупитер, планетата на среќата, речиси цела година ќе патува во вашиот сектор на богатството и инвестициите, носејќи ви ги резултатите кои ги посакувате. Некои бикови ќе одлучат да се разделат со долгогодишен деловен партнер за да тргнат по свој пат, други ќе се израдуваат на вест за наследство, трети ќе купат или продадат недвижен имот, а четврти ќе имаат добивка на игри на среќа.

Ова е одлична година за враќање на факултет, за дообразование или за усовршување на вештините преку патување и собирање искуство во други држави. Планетата-учител Сатурн и трансформаторот Плутон цела година ќе се движат во вашата 9-та куќа, потсетувајќи ве дека никогаш не е доволно знаење.

Откако во март радикалниот Уран ќе премине во вашиот знак, можно е да одлучите да направите сериозна промена на професионален план, како преместување на ново работно место, истражување на нова област или заминување на работа во странство.

Три еклипси оваа година (на 6 јануари, на 16 јули и на 26 декември) ќе се случат во јарец, вашата глобална 9-та куќа и ќе ви приредат возбудливи можности за патување и доедукација. Можно е да се роди прекрасно партнерство меѓу вас и лице од друга држава.

На крајот од годината, Јупитер ќе им се придружи на Сатурн и Плутон во вашата 9-та куќа на експанзијата и претприемништвото. Можно е да ја дочекате 2020 година со фирма на ваше име или со проширување на веќе постоечката.

Здравје

Користете ја секоја прилика оваа година за прошетки во природа, бидејќи свежиот воздух е рецепт за здравје за вас. Неколку планети ќе патуваат во вашиот авантуристички сектор, поттикнувајќи ве почесто да го истражувате светот, особено деловите од него кои се под отворено небо. Не е исклучена можноста во 2019 година да започнете да практикувате поекстремен спорт.

Емоционално закрепнување ќе ви донесе престојот на Јупитер во вашата 8-ма куќа. Ако страдавте од скршено срце или скршен дух и поради тоа се занемарувавте себеси, сега тоа ќе се промени. Ќе престанете да дозволувате минатото да ви ја краде желбата за живот.

На 18 мај ќе бидат создадени совршени услови за да кажете КРАЈ на ваш порок или лоша навика која ви ја исцрпувала енергијата.

GOLD
To Top