Новости

Астрологија

Годишен хороскоп за 2019: СТРЕЛЕЦ

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

 2019 година

Љубов

За да ги сакате другите, морате прво да се сакате себеси – во 2019 година ќе ја научите оваа лекција подобро отсекогаш. Ќе се фокусирате на себе, на она што ви е вам важно и ќе ги задоволувате прво вашите желби, а потоа оние на другите луѓе. Пронаоѓањето на среќата е гарантирано!

Уште на првиот ден од годината страсниот Марс ќе ја напушти вашата удобна 4-та куќа и ќе влезе во вашата 5-та куќа на страста, гламурот и флертувањето. Ќе ја разбудите дивата во вас и ќе ги замените комфорните тренерки со елегантни модни комбинации со кои лесно ќе се издвојувате од толпата. Сексапилната планета ќе патува тука точно до Денот на вљубените, па нема шанси на тој ден да бидете сингл.

Стрелците кои се во врска може да започнат со обиди за забременување или за првпат ќе разговараат со партнерот за бебе.

Јупитер, вашата планета-владетел, речиси цела година ќе патува во вашиот знак, носејќи ви авантури, патувања и лични промени. Сето ова ќе ви годи, бидејќи вие сте флексибилна личност. Ако сте соло, ќе експериментирате во љубовта. Можно е да му дадете шанса за романса на некој кој сте се колнеле дека не е ваш тип или да започнете да флертувате со некој што сте го сметале за забранет.

Но, додека Јупитер ќе ве турка кон непромислени потези, строгиот Сатурн ќе вика „Стоп“ секогаш кога ќе се залетате премногу. Планетата-учител, втора целосна година по ред, ќе патува во вашиот сектор на стабилноста. Ќе престанете да се залетувате по оние кои се најкул и најпопуларни и ќе се насочите кон оние кои се најзрели за сериозна врска. За да има некој шанса кај вас ќе треба да ви ветува иднина.

И Сатурн и Плутон ќе „работат“ на зголемување на вашата самодоверба. Цела година овие две планети ќе патуваат во вашиот сектор на самопочитта. Ако сте во врска, ќе барате од партнерот да ги почитува вашите ставови и нема да ги жртвувате вашите желби за да ги задоволувате постојано неговите.

Април веројатно ќе биде најжешкиот месец за вас. Уште на петтиот ден ќе настапи млада месечина во вашата 5-та куќа на страста, флертувањето и плодноста, отворајќи ново поглавје во вашиот љубовен живот.

На 20 април пак, романтичната Венера ќе влезе во вашиот романтичен и гламурозен сектор и ќе остане таму до 15 мај. Ќе ги хипнотизирате луѓето само со вашата појава, бидејќи ќе го поседувате оној Х фактор кој многумина го посакуваат. Имате зелено светло да флертувате со оној што ви се допаѓа, резултатот ќе ве усреќи.

Стрелците кои ја пронашле својата сродна душа ќе им се радуваат на многуте пролетни страсни ноќи.

На 2 јули ќе настапи млада месечина во рак, а ќе се случи и тотална соларна еклипса. Рак е ваш сектор на соединувањето, интимноста и силните чувства. Можно е партнерот неочекувано да клекне на колено пред вас, да откриете дека носите живот во себе или да купите заеднички имот со саканиот.

Не сте во врска? Подобро е да верувате во љубов на прв поглед, бидејќи под светлината на младата месечина веројатно ќе ја почувствувате. Очекувајте го неочекуваното во љубовта.

Ако сте во брак, внимавајте на однесувањето кон сопругот во периодот од 21 јуни до 27 ноември кога Нептун, планетата на скриените намери, ќе се движи ретроградно во вашата 4-та куќа. Можно е член од вашето семејство да ви се меша во врската, да се појават сомнежи за неверство или да ја изгубите желбата за физичка интимност. Најважно од сè е да најдете начин да му докажете на партнерот дека тој е единствен во вашиот живот и дека нема да дозволите никој да ве раздели.

Работа и пари

Барајте многу и ќе добиете уште повеќе оваа година. Вашите идеи ќе бидат вредни и ќе ви носат пари, особено оние кои ви се драги вам лично. Дојдоа вашите „пет минути“ за финансиски успеси.

Во 2019 година ќе поседувате толку голема самодоверба и преговарачки вештини што ќе можете да му продадете мраз и на Еским. Престојот на Јупитер, планетата на богатството, во вашиот знак ќе ве направи најсреќните личности кога се парите во прашање. Пресметаните ризици ќе ви донесат огромни награди и ќе ви ја зголемат цифрата на банкарската сметка.

Некои стрелци оваа година ќе добијат јавна функција или почесто ќе треба да даваат јавни изјави, други ќе ја добијат работата за која сонувале, трети ќе започнат успешен бизнис.

Строгиот Сатурн цела година ќе патува во вашиот финансиски сектор и ќе ве направи внимателни со макотрпно заработените пари. Планетата-учител ќе ви покаже дека резултатите од инвестициите не доаѓаат секојпат преку ноќ и дека треба да бидете трпеливи.

Три еклипси оваа година (на 6 јануари, на 16 јули и на 26 декември) ќе се случат во вашата 2-ра куќа и ќе ви донесат нагли промени во начинот на кој заработувате, трошите или инвестирате пари.

На 2 јули можно е да купите или да продадете недвижен имот или да ви биде вратен долг. Не е исклучена можноста за добивка од игри на среќа.

На крајот на година и Јупитер ќе ѝ се придружи на забавата во вашата 2-ра куќа на работата и парите. Она што за другите ќе биде напорна работа, за вас ќе биде задоволство. Од купот идеи ќе ги извлечете најдобрите и додека сите други ќе се подготвуваат за празниците, вие посветено ќе ги реализирате.

Здравје

Нова година, нови навики, нов стрелец! Минатата година енергијата честопати го изневеруваше вашето тело и веројатно се соочувавте со здравствени проблеми. Настапуваат промените за кои долго време се молевте, благодарение на патувањето на Јупитер во вашиот знак. Ќе се чувствувате како некој да ви додал гориво во моторот, бидејќи ќе бидете незапирливи. Енергијата ќе ви го достигне максимумот.

Уран, планетата на промените, оваа година ќе премине во вашата 6-та куќа на здравите навики и на некој начин ќе ве направи опседнати со здравјето и фитнесот. Можно е да започнете да го проучувате нутриционизмот или да тренирате со личен тренер. Бидејќи Уран е и планета на технологијата, можно е да започнете да користите апликации за создавање поредовен начин на живот. Некои стрелци ќе се поврзат со Instagram ѕвезда или инспиративна личност на социјалните мрежи и од неа ќе научат скапоцени лекции.

Прошетките во природа на свеж воздух ќе бидат исклучително важни за вашето здравје. Колку што е можно почесто, тренирајте или пешачете под отворено небо.

GOLD
To Top