Новости

Астрологија

Голем месечен хороскоп за март: Месец на бурна љубов и страст

На првиот ден од месец март прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите и дали поставеноста на планетите ќе биде во ваша полза.

На самиот влез на месец март, астралната поставеност е следна: СОнцето, Нептун и Меркур се во знакот на Риби, со тоа што Меркур е веќе во сенка и се подготвува да го почне неговиот ретрограден поход. Во Овен е планетата Уран, во Бик планетата Марс, а во Стрелец планетата Јупитер. Во знакот на Јарец се Месечината, Сатурн, Плутон и Венера.

Прва планета која го менува знакот е баш Венера која на 1 март преминува во Водолија. Со оглед на тоа дека во првите денови од месецот ќе биде во квадрантен аспект со Уран, а потоа и со Марс сѐ до 25 март, тоа значи дека нѐ очекуваат бурни односи проследени со силна страст. Тоа значи дека март во никој случај нема да биде здодевен.

На 5 март Меркур почнува со ретрограден од низ Риби. Време е да ги решаваме збунувачките ситуации и конфузии што се наталожиле во претходниот период. Исто така, некои тајни ќе мора да излезат на виделина, што го потврдува и младата Месечина во овој знак веќе на 6 март.

На истиот датум Уран без премислувања и враќања влегува во знакот на Бик и таму ќе остане седум години. Биковите силно ќе го почувствуваат неговото влијание, промени ќе има секако, а Уран ќе го почувствуваат и останатите фиксни знаци: Лав, Скорпија и Водолија.

Уран ќе им биде благонаклонет на Раковите, Девиците, Јарците и Рибите.

На 20 март некаде околу 23 часот, Сонцето влегува во знакот на Овен и официјално влегуваме во пролет. Веќе на 21 март ќе има полна Месечина во знакот на Вага – сѐ поврзано со бизнис и емотивни партнерства ќе се придвижи кон кулминација.

На 26 март Венера преминува во Риби – почнуваме да сонуваме, да дишеме, да живееме во нејзиниот сензуален ритам на љубовта. Со оглед на тоа дека два дена подоцна Меркур почнува да излегува од прегратката на Нептун, зборовите ќе стануваат непотребни – ќе се потпираме на инуицијата и на емоциите.

Како цреша на шлагот, на последниот ден од март Марс преминува во знакот на Близнаци. Влегуваме во период на трчање и брзина, денови на движење и акција… април е на прагот.

GOLD
To Top