Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (01.03.2019)

ОВЕН

Работа: Не е претерано поволен период за вас. Немојте да очекувате сега решенија на проблемите.

Љубов: Пред вас се нови љубовни случувања со личност која ви се допаѓа долго време.

Здравје: Проблеми со такихардија.


БИК

Работa: Доколку се занимавате со приватен бизнис, нема да биде поволен период за вас. Можеби ќе имате некоја штета или губиток.

Љубов: Вознемирени сте и не ви лесно да ги решите љубовните дилеми кои ги имате. Се укажува на неискреност на партнерот.

Здравје: Проблеми со стомакот.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Пред вас е нова одлука во која не сте сигурни. Дајте си себе си време за се добро да размислите.

Љубов: Можно е да делувате прилично нервозно и некогаш да немате доволно самодоверба пред симпатијата.

Здравје: Болки во грлото.


РАК

Работа: Можно е да имате некои неочекувани одливи на пари и нема да бидете задоволни поради тоа.

Љубов: Доколку сте слободни, можно е да не ви биде лесн да остварите некои промени на љубовното поле во текот на денот.

Здравје: Проверете ја штитната жлезда.


ЛАВ

Работа: Пред вас е генерално добар период за решавање на некои проблеми кои ве мачеле во минатото.

Љубов: Ситуацијата на љубовното поле не е сјајна. Не сте задоволни со односот кон партнерот.

Здравје: Проблеми со зглобовите.


ДЕВИЦА

Работа: Покажувате интерес за напредок. Може да очекувате дека наскоро ќе добиете поголема одговорност.

Љубов: Искрени сте кон личноста која ви значи. Очекувајте вашиот однос да оди во добар правец.

Здравје: Проблеми со зглобовите.


ВАГА

Работа: Можно е да најдете помош и дека ќе успеете да ги решите проблемите кои ве мачат на ова поле.

Љубов: Помеѓу вас и саканата особа има некои проблеми поради кои односот не е добар.

Здравје: Проблеми со вратиот дел од кичмата.


ШКОРПИЈА

Работа: Може да очекувате генерално поволен ден во кој работната ситуација би требало да биде мирна.

Љубов: Пред вас е интересен период во кој може да дојде до флерт или ново познанство.

Здравје: Нервна напнатост.


СТРЕЛЕЦ

Работа:Време е да прифатите дека сте правеле грешки во проценките и дека некои работи поради вас одат во негативен правец.

Љубов: Иако повеќе пати сте биле разочарани, во љубовта не сакате да престанете да верувате во чуда.

Здравје: Дружете се со луѓето кои ги сакате.


ЈАРЕЦ

Работа: Многу поволен период за ново работо место ви доаѓа. Може да очекувате пресврт на ова поле.

Љубов: Тешко ви е да се опуштите затоа што знаете дека партнерот има некоја задршка пред вас.

Здравје: Хронични проблеми.


ВОДОЛИЈА

Работа: Работата ви е приоритет и не ви е лесно да го исклучите својот приватен живот, а некое време така ќе работите.

Љубов: Ви делува дека саканата личност се променила кон вас и ви се чини дека не ве сака како претходно.

Љубов: Проблеми со очите.


РИБИ

Работа: Имате сосема стабилна атмосфера на работа. Немате грижи, и денот ќе биде поволен.

Љубов: Многу сте чувствителни и сакате нови љубовни случувања. Потребна ви е утеха во саканата личност.

Здравје: Занимавајте со спорт.

GOLD
To Top