Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (02.05.2017)

Овен

Чувствувате дополнителен наплив на енергија, оптимизам и ентузијазам. Контактите со другите ќе бидат мирни и усогласени, а тоа ќе придонесе за успешно разрешување на некои дилеми од минатиот период. Венера ги буди вашите емоционално обоени вкусови и ги зацврстува интимните односи, а Сонцето го става акцентот на личните вредности и финансиите. Искористете ги отворените можности.

Бик

Толку многу вложувате во односот со партнерот, а во одредени моменти имате чувство дека не постои реципроцитет во взаемното примопредавање во врската. Можеби ќе се појават некои сомнежи, но пред да превземете некаква конкретна акција, уверете се дали правилно ја проценувате ситуацијата. Кога станува збор за работата и финансиите, околностите ви одат во прилог, и можете да очекувате стабилност и развој.

Близнаци

Иако многу добро се снаоѓате во секојдневните обврски и навидум изгледате отворено и задоволно, вашето внимание е свртено кон минатото. Некои нејасни настани од претходниот период  ја поткопуваат вашата самодоверба и ве тераат да го преиспитате својот став кон блиските личности или партнерот. Имајте на ум дека проаѓате низ период на емоционално чистење и пурификација, а тоа секогаш е проследено од конфузни моменти и нејаснотија.

Рак

Размислувате за иднината, полни сте со желби и надежи кои будат убави чувства и ви даваат храброст да се впуштите во некакви дејствија. Експанзијата на емоциите и зголемените потреби за блискост ќе ве натераат да се посветите на партнерот и да го продлабочите односот. На професионален план ќе имате поддршка од надредените и добра комуникација со колегите. Ако успеете да одржите рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот, ќе бидете задоволни.

Лав

Ќе бидете немирни, полетни и енергични. Постојано ќе се движите и ќе разменувате по неколку зборови со луѓето кои ги сретнувате, но вашето внимание ќе биде целосно насочено кон вас самите. Ќе имате брилијантни идеи за решавањето на некои материјални и финансиски прашања, но во исто време треба да бидете малку трпеливи и полека да ги реализирате своите замисли.

Девица

Многу мисли поминуваат низ вашата глава. Во еден момент се ви е јасно, а веќе во следниот, чувствувате несигурност и недоверба. Важно е да ги смирите емоциите и да го насочите вниманието на сегашниот момент и она што треба да го направите денес. Ако ве загрижуваат односите вo семејството, јасно ви е дека е потребно да се согласите на компромис за да се надминат некои спорни прашања.

Вага

Минатиот период значително ве умори, па сега имате зголемена потреба за мир и спокојство. Меѓучовечките односи земаат голем дел од вашата енергија, но во овој момент свесни сте дека не можете многу да промените. Пронајдете време за себе и вашите лични потреби. Ослободете се од стресот и обновете ја енергијата.

Шкорпија

Ќе се чувствувате убаво на своето работно место, а интересните разговори и шегите со колегите ќе го подобруваат вашето расположение. Некои од вас веќе извесно време размислуваат за промена на работата, па денешниот ден би можел да ве изненади со некоја позитивна информација.

Стрелец

Пред вас е убав и значаен ден, кој носи добивки и отвора нови перспективи во однос на работата и работното опкружување. Околностите ќе ви овозможат успешно да решите некои финансиски прашања и да зачекорите во нова фаза. Комуникацијата во љубовните односи ќе биде жива и динамична, а слободните би можеле да се најдат пред почеток на нова врска.

Јарец

Чувствувате мал пад на енергијата, а тоа најмногу се должи на настаните и случувањата во приватните и интимните односи. За да ги избегнете можните разочарувања, паметно е да се ослободите од очекувањата и да дозволите спонтан развој на настаните. Можеби премногу барате? Обидете се да ја набљудувате ситуацијата од дистанца и реално проценте ги околностите.

Водолија

Иако водите активен живот во речиси сите сегменти, имате потреба од повеќе содржина во меѓучовечките односи. Ќе имате впечаток дека некои личости на кои сте им дале поголемо значење, се однесуваат лицемерно и ги критикуваат вашите постапки. Тоа ќе ве направи почувствителни од вообичано, па дури и замислени. Насочете го вниманието на партнерот и споделете моменти на блискост и интима.

Риби

Нагласокот на второто поле од вашата карта ги нагласува личните вредности и финансиите. Извесни се некои подобрувања и можности кои отвораат нови перспективи во однос на работата. Ќе имате повеќе самодоверба и посмело ќе се впуштате во некои финансиски потфати. Кога станува збор за приватноста, некои од вас ќе имаат чувство дека се движат еден чекор напред, два назад. Бидете тактични.

GOLD
To Top