Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (02.06.2018)

Овен

Делувате привлечно и шармантно на својата околина, но тоа не претставува доволна гаранција за деловен успех. Има спорни моменти во односот со соработниците.
Ве привлекува комбинација на емотивна, страсна и интелектуална врска, но на лицето кое се наоѓа во ваше друштво како нешто да и недостасува.
Можни се проблеми со синусите.

Бик 

Очекувате позитивни одговори во решавањето на деловните прашања. Поради заеднички интереси толерантно преминувате преку ситни неправди кои постојат во односот со соработниците.
Во љубовниот живот повеќе се наоѓате во фаза на приказна и идејно планирање отколку што се одлучувате за некој конкретен потег. Партнерот се обидува да ги сфати вашите намери, но не можете да очекувате чудо.
Можна е вирусна инфекција.

Близнаци 

Посветете внимание само на приоритетните обврски и дозволете си квалитетен одмор, како најдобар начин да акумулирате позитивна енергија.Важно е да ги рационализирате своите обврски.
Во љубовниот живот полека го губите интересот за едно лице. Емотивно затишје или летаргија која постои во заедничкиот однос, не треба да доживувате како некој љубовен залез.
Корегирајте ја исхраната.

Рак 

Важно ви е да напредувате на различни страни, но забележувате дека околу вас се наоѓаат соработници со разни профили и карактери.Неопходно е да применувате проверени тактики во деловниот дијалог.
Порано или подоцна ќе морате да ги направите своите емотивни пресметки и да се соочите со блиското лице. Не можете да го оспорите правото на партнерот да го контролирате вашето движење.
Добро се чувствувате.

Лав 

Добро размислете за своите интереси бидејќи околностите на деловна сцена бргу се менуваат.Одложете еден деловен договор или финансиско вложување.
Доколку се сомневате во нечии емотивни намери, тоа не претставува доказ за осуда. Нема причина неправедно да го казнувате лицето кое го сакате. Бидете внимателни кон своето семејство.
Проблеми со зглобовите.

Девица 

Важно ви е се’ да биде во идеален склад, но имате впечаток дека ви недостасуваат основните информации за деловните можности. За среќа, ве очекува ненадејна добивка.
Делувате задоволно поради случувањата кои ве следат во љубовниот однос. Важно е правилно да вреднувате нечии чувства и постапки, како поубав дел од стварноста која ве следи.
Добро се чувствувате.

Вага 

Умеете да делувате многу сугестивно на своите соработници и не се срамете да побарате различни отстапки. Сметате дека ви припаѓаат подобри услови.Благодарение на добрата деловна стратегија ве очекуваат позитивни резултати.
Во љубовниот живот непотребно се грижете поради нечие однесување.Покажете повеќе разбирање за нечии грешки или мали емотивни слабости.
Проблеми со притисокот.

Шкорпија 

Чувствувате креативна инспирација и со леснотија завршувате бројни обврски.Понекогаш умеете да оставите фантастичен впечаток на околината, така што вашите соработници очекуваат ваше мислење за различни деловни
теми.
Уживате во друштво на блиско лице и не сакате некој од страна да ја расипува вашата слика за среќниот живот во двојка. Имате своја визија која ја чувствувате и следите.
Добро се чувствувте.

Стрелец 

Делувате активно на различни страни. Има лица кои можат да ги наградат вашите интелектуални способности или практична памет.Новите деловни контакти кои сте ги оствариле најавуваат пошироко општествено значење
или влијание.
Во љубовниот живот чувствувате како да сте впловиле во ладни емотивни води. Сега барате добро решение или излез во ново друштво. Посакувате нечие разбирање.
Добро се чувствувате.

Јарец 

Самоуверено ги браните своите интереси, но постојат дополнителни компликации кои ја отежнуваат вашата деловна или општествена положба.Потребно е рационално да ја користите својата енергија.
Чувствувате голем емотивен занес, но како да ви недостасува добра прилика да ги изразите своите намери. Партнерот или лицето кое ви се допаѓа вешто бега пред вашите покани. Променете го својот стил на однесување.
Проблеми со грлото.

Водолија 

Чувствувате лесна стагнација или потреба психички да се растоварите од натрупаните обврски.На своите соработници препуштете им го потешкиот дел од работата.
Во љубовниот живот ви годи нечие присуство, но ви недостасува добра прилика да ги остварите своите намери.Бидете подискретни во средбите кои обилуваат со јаки емоции или некои прикриени страсти.
Напнатост.

Риби 

Се наоѓате во одлична форма и самоуверено прифаќате различни обврски. Најдобро се чувствувате во друштво кое има слични идеи или деловни интереси.
Во романтично расположение посакувате јаки изливи на љубов и имате добро претчувство. Во емотивен занес подготвени сте да се обидете во нови и предизвикувачки ситуации.
Пад на имунитетот.

Евротип
Евротип
To Top