Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (02.10.2019)

ОВЕН

Работa: Важно е да се посветите на својата работа и денеска да ги земете работите во своите раце за да успеете да остварите позитивни резултати.

Љубов: Не сте подготвени за врска на далеку, иако ви се допаѓа личност која живее далеку.

Здравје: Избегнувајте мрсна храна.


БИК

Работа: Ве очекуваат некои трошоци кои би можеле да ја занишаат вашата финансиска конструкција и плановите на ова поле.

Љубов: Сакате да направите прв чекор кон личноста која ви значи. Очекувајте нова љубов.

Здравје: Проблеми со белите дробови.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Подобро е да бидете трпеливи во комуникацијата со работното опкружување за да не создавате непотребни проблеми.

Љубов: Доколку сте во врска, очекувајте поволен ден во текот низ кој ќе уживате.

Здравје: Наклонети сте кон гоење.


РАК

Работа: Загрижени сте за своите финансии и тоа ви создава голем притисок. Имате потреба да правите некои промени.

Љубов: Пред вас е средба со личноста која би можела да покаже дека има искрени и силни чувства.

Здравје: Избегнувајте алкохол.


ЛАВ

Работа: Не ви е претерано поволен период. Се укажува на некои проблеми и компликации.

Љубов: Можно е да имате неоки лични несигурности и поради тоа тешко да склопувате познанства.

Здравје: Бубрезите се чувствителни.


ДЕВИЦА

Работа: Немојте да очекувате претерано важни случувања и промени на полето работа.

Љубов: Не сте сигурни што може да очекувате од личноста која ви значи, затоа што нејзиното однесување е променливо.

Здравје: Пад на имунитетот.


ВАГА

Работа: Ќе имате шанса да покажете дека сте напредувале на работа. Горди сте на себе и на се што сте постигнале.

Љубов: Ве очекува интересно познанство со личност со која е можна некоја долга врска.

Здравје: Контролирајте го притисокот.


ШКОРПИЈА

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, пред вас е период кој би можел да ви донесе мали проблеми.

Љубов: Малку сте станале ладни во контактот со партнерот, кому му смета таквото однесување.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате мали проблеми на работното место. Ќе ви биде потребно некое време се да решите.

Љубов: Ако ви се допаѓа личност која била ваш пријател, ќе имате можност да се зближите.

Здравје: Водете сметка околу грлото и синусите.


ЈАРЕЦ

Работа: На работа нема големи проблеми и денот ви проаѓа мирно. Надевајте се на поволни околности.

Љубов: Пред вас е добар ден за нови познанства, промени и позитивни случувања.

Здравје: Водете сметка околу исхраната.


ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е денеска да сте под голем притисок и дека ќе имате разни проблеми на ова поле.

Љубов: Ве очекуваат недоразбирања во односот со личноста која ви значи. Доста од тоа ве оптоварува.

Здравје: Можна е главоболка.


РИБИ

Работа: Загрижени сте за својата работа и често ви се чини дека имате некои проблеми.

Љубов: Ве очекува период во кој ќе имате потреба со саканата личност искрено да разговарате.

Здравје: Ве мачи несоница.

GOLD
To Top