Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (03.01.2019)

ОВЕН

Работa: Она што ќе треба да го изработите по „наредба“ од вашите шефови, малку ќе ве изненади затао што низ тој вид на интеракција ќе успеете да дознаете колку сте ценети. Од ова всушност може да зависи висината на вашата плата која можеби не сте ја очекувале.

Љубов: Некој мисли на вас, и вие сте свесни за тоа. Не сакате отворено да признаете, па се надзира пасивен став.

Здравје: Солидно.


БИК

Работа: Малку сте забавиле со активностите. Темпото може да биде неприфатливо од другите членови на тимот, па може да добиете една опомена, или популарно кажано жолт картон. Размислете околу своите постапки на време за да немате подоцна проблематична ситауција.

Љубов: Личност во знакот на Рак можеби е во сенка на целата приказна, но сигурно е некој кој го привлекува вашето внимание.

Здравје: Несоница.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Вонредна ситуација на работа, па секако дека можете да се надевате на позитивен финансиски прилив. Немате мотив да се откажете од своите цели, па макар и тие да не им се допаѓаат на вашите претпоставени. Можете да се надевате на бенефит.

Љубов: Имате време за еден флерт со личност од вашето опкружување кое можеби ќе премина во нешто посериозно, но само ако вие сакате.

Здравје: Проблематичен делот околу абдоменот.


РАК

Работа: Соработка со личност од конкурентска фирма ќе биде на завидно ниво, па така се советува повеќе интеракција со луѓето од исто или од слично работно поле. Не морате да се вплеткувате во нешто кое никому не носи поголема соработка, па поради тоа добро покажете се кон оној кој дава повеќе пари.

Љубов: Имате што да и кажете на личноста која ве гледа како симпатија. Морате и вие во ист стил да се однесувате како би ја разбудиле магијата.

Здравје: Немате тегоби.


ЛАВ

Работа: Сериозноста во овој сегмент кај вас е на завидно ниво. Перформансите во самата организација умеете да ги изнесете до крај и во тоа да уживате како вас ви одговора. Никој нема замерка на вашата работа и секако сте вие некој кој не оди од крајност во крајност. Луѓето ве гледаат на еден стабилен пат.

Љубов: Личност родена во знакот на Риби ќе ви покаже своја наклоност, па и вие малку повеќе ангажирајте се на овој сегмент, затоа што не е се во работата.

Здравје: Малку ќе се чувствувате исцрпено на крајот од денот.


ДЕВИЦА

Работа: Какви ви се денес шансите, ќе видите по утрото. Немате некој голем избор, но во прашање е една мала работна акција и вие ќе добиете поголеми задолженија, но малку подоцна. Ќе морате своите претпоставени да ги убедите дека знаете да ја работите својата работа. Немате причини да брзате во сето тоа, но се чувствува и голема нестрпливост од ваша страна.

Љубов: Мала криза е пред вас. Личноста за која сте емотивна врзани ви врти грб. Немојте да очајувате бидејќи секако постои излез. Малку ќе се стрпите.

Здравје: Пробајте да се воведете во ред со медитација.


ВАГА

Работа: Чувствувате потреба нешто од корен да смените. Немојте да бидете хистерични, туку добро фокусирани на она што го работите. Само на тој пат ќе има успех. Некој од вашиот тим ќе ви пружи одлична подршка, ама вие се чувствувате како индивидуалец. Нема потреба на луѓето да им вртите грб.

Љубов: Некоја друга Вага ви е одличен избор, па имате шанса да се впуштите во една авантура, ама овој пат авантура која долго ќе ја паметите.

Здравје: Проблеми со бубрезите.


ШКОРПИЈА

Работа: Можеби сте во право овој пат со некој несогласувања од шефовите кои ви пласираат без поголем мотив. Разберете дека тоа не е по инерција туку реално е така. Сфативте дека некој денеска мора да биде жртвено „јагне“ за да се докаже строгоста.

Љубов: Личност во знакот на Овен ќе може да изрази желба да ви пријде. Бидете доследни во целата ситуација и пробајте да се ошуштите и нормално уводот ќе дојде од ваша страна.

Здравје: Повремено мерете го крвниот притисок.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Иако сте добро платени, овој пат ќе имате уште понуди за работи кои ви се нудат. Нема причина за загриженост затоа што вашата струка одговора на пазарот на труд и можете дури да се осамостоите, онака како што сте замислувале.

Љубов: Краткотрајна љубовна романса е на повидок, па немојте да се срамите и вие нешто да покажете во свој стил. Немојте да откажувате нешто важно кај личност која ви се допаѓа.

Здравје: Солидно, немате проблеми, освен ако сте хронично болни.


ЈАРЕЦ

Работа: Можете да бидете ангажирани на некој голем проект, па се советува малку повеќе ангажираност за да имате подобри резултати во вашата работа. Немате многу избор освен да успеете на постоечката работа што не е така лоша солуција.

Љубов: Немате доволно време за овој сегмент, па ќе заобиколите флерт за некој друг пат за да можете енергијата да ја вложите на работата со која се занимавата.

Здравје: Повеќе одморајте, пуштете музика за опуштање.


ВОДОЛИЈА

Работа: Можеби по ваше мислење не е вистински момент за промена, но овој пат сте во право. Некој од вашето опкружување може да ви биде од голема помош затоа што не сте сметале на евентуалните пропусти и некои активности за кои сте малку упатени.

Љубов: Врска со друга Водолија е вистински предизвик. Вие ова нема да го пропуштите ниту под еден изговор. Немате што да загубите, па се пуштате во флерт.

Здравје: Раздразнетост.


РИБИ

Работа: Колега овој пат ви подметнува нога и вие всушност се гледате и нема да реагирате затоа што работите на вашиот имиџ и нема да се ангажирате околу неважни работи во својот живот како што е лицемерие. Доволно сте работеле на себе, така да други работи не ве интересираат.

Љубов: Повеќе ќе се забавувате од обично, и ќе барате некој да биде покрај вас. Ова важи за слободните Риби.

Здравје: Без големи тегоби.

GOLD
To Top