Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (03.04.2019)

Овен 

Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. Многу ќе ви користи движење и патување.

Бик  

Вашиот претпоставен или пак личност со авторитет денеска од вас ќе бара малку повеќе внимание од обично, па би било добро повеќе да внимавате на неговите барања. Ако работата ја извршите добро со сите детали целата слика ќе изгледа подобро, а вие на крајот на денот ќе можете да очекувате некој вид на награда.

Близнаци 

Емоционалната сигурност и довербата во партнерот сега ви е најпотребна. Ако ви недостига тоа, ќе посегнете по љубовна освета. Ќе го збуните партнерот со своите несовесни или ладни реакции кои тој нема да знае објективно да си ги објасни. Можно е да доцните со извршување на обврските.

Рак 

Функционирате растргани на повеќе страни. Морате да го завршите тоа што сте го започнале бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организациски способности кои денеска ви одат од рака. Денеска можете да реализирате идеални комуникации.

Лав 

Создадете си концепт за работа. Колку повеќе лични работи решите, толку подобар резултат ќе добиете. Не почнувајте ништо за да му угодите на некој, слушајте ги вашите желби, ова е поволен ден за вас. Вашата финансиска состојба ќе се подобри.

Девица  

Вашето однесување ќе делува врз расположението на најблиските. Некои од вас ќе обноват, а други ќе раскинат врска. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакате нешто забрането. Љубовниот партнер ќе ве поттикне на акција.

Вага 

Имагинативната сила ви е многу јака, па добро би било да се занимавате со некаков вид на уметност. Благодарение на смислата за организирање на работите, создавате поволни услови за нов бизнис, но во исто време невниманието може многу скапо да ве чини.

Шкорпија 

Состојбата на работното место е значително поволна. Активноста и енергичноста во решавањето на проблемите ќе ви биде на високо ниво. Односите со околината ќе ви се подобрат, но сепак бидете внимателни во барањата, бидејќи сите врати не ви се отворени. Односите со партнерот ви се стабилни и во нив ќе вложувате голем дел од енергијата.

Стрелец 

Ќе бидете доста бавни, но главно ќе успеете да завршите се што мислите дека е неопходно. Ќе работите со полно физичко ангажирање. Слободното време најповеќе ќе го користите за интелектуално напредување како и за излегување со вашите пријатели.

Јарец  

Кога ги договарате работите, однапред утврдете ја цената. Во спротивно, ќе ви се случи да ја завршите работата, да ја испорачате, а дури отпосле ќе сфатите дека цената која ја нуди клиентот за вашата работа е целосно неприфатлива. На љубовен план станувате се поромантични и заљубени.

Водолија  

Ќе бидете енергични, претприемачки расположени и пргави. Денот е поволен за извршување на задачи за кои е потребна физичка подготвеност. На љубовен план ќе бидете многу страствени за постигнување на своите желби. Дури и вашиот партнер ќе ви признае дека нема многу избор кога ќе почнете да ја наметнувате својата волја.

Риби 

Ќе се обидувате да ја одгатнете емотивната енигма. Бидете трпеливи уште некое време и договорот ќе го добиете со леснотија. Размислувањата за некоја стара љубов не ве водат никаде. Спасувајте ја моменталната врска како знаете и умеете бидејќи е во мала криза. Доколку се чуствувате осамено некои ваши пријатели ќе ви помогнат да не се чуствувате така.

GOLD
To Top