Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (03.06.2019)

ОВЕН

Работа: Поволен ден за комуникацијата со надредените како и за нови разговори за работа. Надевајте се на убава атмосфера.

Љубов: Романтиката денеска ви е силна страна. Уживате со саканата личност.

Здравје: Водете сметка околу бубрезите.


БИК

Работа: Ве очекува напорен ден во кој ќе имате многу обврски. Потрудете се да бидете посветени на работа и ништо да не ви помине незабележано.

Љубов: Не би требало да имате драстични промени на љубовното поле.

Здравје: Чувствителен желудник.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Може да очекувате позитивна атмосфера кога е во прашање работата. Потрудете се да се посветите на некои проблеми од минатото.

Љубов: Зрачите со позитивна енергија, па лесно склопувате нови познанства.

Здравје: Избегнувајте алкохол.


РАК

Работа: Ве очекуваат мали компликации кога е во прашање работата. Потрудете се да бидете доволно смирени во нивното решавање.

Љубов: Новата љубов ви тропа на врата а вие сте подготвени ширум да ја отворите.

Здравје: Проверете ја крвната слика.


ЛАВ

Работа: Очекувајте дека денеска ќе успеете да разграничите некои работи и да донесете нови одлуки.

Љубов: Можно е саканата личност да пробува да ви покаже колку и значите.

Здравје: Водете сметка околу хормоните.


ДЕВИЦА

Работа: Можно е да не сте сосема задоволни од резултатите кои сте ги постигнале на ова поле, и сметате дека може многу подобро.

Љубов: Уживате во необврзувачки авантури и флертови, сериозна врска не ве интересира.

Здравје: Мал пад на имунитетот.


ВАГА

Работа: Пред вас е поволен период во кој може да очекувате разрешување на работните проблеми.

Љубов: Саканата личност покажала неискреност и се чувствувате изневерено на некој начин.

Здравје: Чувствителен урогенитален тракт.


ШКОРПИЈА

Работа: Конечно ќе успеете да дојдете до важни информации на кои долго сте чекале. Надевајте се на поволни околности.

Љубов: Ако сте слободни, надевајте се на позитивни околности и нови познанства.

Здравје: Замор, не спиете убаво.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Финансиите ви се слаба точка и сакате да смените нешто по тоа прашање. Имате шанса за некоја дополнителна работа.

Љубов: Саканата личност ќе ви покаже дека искрено и значите.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.


ЈАРЕЦ

Работа: Пребрзо реагирате и тоа може да ви донесе проблеми на работа. Пробајте да бидете малку прибрани.

Љубов: Подготвени сте да ја прекинете врската со личноста која била неискрена кон вас.

Здравје: Главоболка ве следи.


ВОДОЛИЈА

Работа: Чувствувате дека во работното опкружување има некои случувања кои ви се одвиваат зад грб.

Љубов: Новото познанство кон кое сте се свртеле за вас е мистерија. Личноста која сте ја запознале ви носи возбуда.

Здравје: Проблеми со несоница.


РИБИ

Работа: Ве очекуваат мали промени во работното опкружување. ЌЕ ви треба некое време да се навикнете.

Љубов: Ви се додворува личност во која немате доверба. Можно е да ја одбиете нејзината понуда.

Здравје: Чувствителен е нервниот систем.

GOLD
To Top