Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (04.09.2017)

Овен

Убедени сте во својот успех. Сметате дека нема причина за грижа, но конкуренцијата ве престигнува. Отворете ги очите. Одличен ден за решавање на несогласувањата со партнерот.

Бик

Факт е дека сте вложиле многу труд, работа и пари во моменталната работа. Ве очекуваат конкретни резултати наскоро. Бидете трпеливи со саканото лице, покажете ги емоциите и саканото лице ќе ви возврати.

Близнаци

Одличен период за работа. Конечно ќе ја поправите вашата финансиска состојба. Опуштете се. Не морате да бидете намуртени кон саканото лице.

Рак

Поволен ден за спроведување на деловни промени кои одмана сте ги планирале. Вашите идеи ќе бидат прифатени. Можно е поради работата да бидете разделени од партнерот.

Лав

Спаѓате во интелигентните луѓе. Денес ќе добиете одредени заслуги за работата. Во љубовниот живот ви следи мирен период.

Девица

Отворено го кажувате мислењето за деловната ситуација и немате влакна на јазикот. Многу сте директни, на некој тоа не му одговара. Сте влегле во фаза на монотонија и имате чувство дека тоа ве гуши.

Вага

Денес среќата е на ваша страна. Одличен ден за започнување на бизнис. Можна е финансиска добивка. Во љубовта некое ново познанство може да прерасне во нешто поголемо.

Шкорпија

Одличен ден за работа, Се што ќе започнете ќе биде успешно завршено. Не сте сигурни дали личноста која ја сакате ги има истите емоции.

Стрелец

Ќе имате малку поголеми трошоци денес, но тоа не треба да ве загрижува. Во љубовта ќе се дистанцирате од партнерот овој ден и ќе си се посветите на себе си.

Јарец

Концентрацијата ви е силна страна, и во овој ден нема да ви се случат грешки. Ќе донесете некоја важна одлука. Можна е мала караница со саканото лице.

Водолија

Нетрпеливи сте. Едвај го чекате крајот на некој проект кој ви е многу важен. Искористете ја својата слобода да го правите она што го сакате и во што уживате.

Риби

Денес ќе дојдете до важни информации, тие ќе ви помогнат да донесете конечна одлука. Интересен ден и во љубовта. Ќе добиете нешто за што мечтаете.

 

GOLD
To Top