Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (05.09.2017)

Овен

Можно е денес да добиете погрешни информации кои ќе ве наведат на погрешен пат. Очекувајте интересен ден, кој и покрај ситните проблеми на крај ќе заврши убаво.

Бик

Денес вешто ќе успеете да ги завршите сите работни обврски и да уживате. Доколку сте слободни ќе ви одговара флертот со некое лице кое ви се допаѓа, зафатените ќе бидат задоволни од партнерот.

Близнаци

Позитивно сте настроени кон оние што ви се блиски. Луѓето ја ценат вашата љубезност и благодарност. Знаете да ги одберете вистинските зборови и во приватните и во професионалните разговори. Знаете да го одберете најдоброто за себе и за партнерот.

Рак

Окупирани сте со практичните проблеми кои се однесуваат на вашиот секојдневен живот и на вашите обврски, кои се потешко ги поднесувате. Се обидувате на наједноставен начин да ги решите проблемите кои ве оптоваруваат, а се однесуваат на пари и секојдневен живот.

Лав

Можни се големи промени на финансискиот план. Не дозволувајте некој да ве потиснува. Љубоморни сте и тоа сосема отворено го покажувате. Саканото лице смета дека грешите и претерувате.

Девица

Ве очекува мала расправија или проблем во комуникацијата со надредените. Тензијата меѓу вас и саканото лице е се посвежа. Обидете се да го решите тоа пред проблемот да кулминира.

Вага

Ве очекуваат лоши вести поврзани со некои недвижнини или земјиште. Во љубовта не се чувствувате сигурно и сакано покрај вашиот партнер. Во вашиот однос преовладува тензија.

Шкорпија

Верувајте во себе. Единствено така ќе постигнете се што сте замислиле. Саканото лице би сакало да му посветите повеќе внимание. Приредете му некое романтично изненадување.

Стрелец

Денес ќе добиете позитивни резултати од својот труд. Уживајте во тоа. Ќе ви недостасува внимание, кажете му го тоа на партнерот.

Јарец

Ве очекува значително поволен паричен период. Инвестирајте пари во нешто корисно. Партнерот полека започнува да има доверба во вас. Немојте да го изневерите.

Водолија

Сакате да бидете најдобри и секогаш да добивате пофалби. За тоа ќе мора малку повеќе да се потрудите. Планот кој сте го смислиле во врска со љубовта, ќе ви се оствари.

Риби

Преокупирани сте со различните обврски, па никако не можете да се опуштите. Време е подобро да го организирате своето време. За слободните почнува идеален период за љубов.

 

GOLD
To Top