Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (07.11.2019)

Овен (21.03 – 20.04) 

Доколку сте во врска можете да очекувате подобрување на меѓусебните односи и зголемување на страста и љубовта, Продолжете во таа насока. На саканото лице не му ги кажувате буквално сите планови веднаш, можеби не е подготвено за толкав чекор како и вие.

Бик (21.04 – 21.05)

На работното место ќе бидете искриткувани за некои ваши постапки. Слободните претставници на овој знак ќе запознаат интересна личност, која целосно ќе ја отвори душата за вас. Не размислувате гласно, некои ваши мисли можеби повредуваат некого.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете дружељубиви, ќе сакате да бидете во друштво на многу луѓе. Зафатените ќе сакаат секој слободен момент да го поминат со партнерот. Оние кои се слободни ќе уживаат во слободата која ја имаат, но кратко, наскоро им претстои интересно познанство.

Рак (22.06 – 22.07) 

Чувствувате незаинтересираност од страна на партнерот и тоа ви пречи. Дружете се и разговарајте меѓусебно, така ќе ја повртатите довербата. На работното место како и вообичаено ќе бидете презафатени од обврски.

Лав (23.07 – 22.08)

Во деловниот, но и во приватниот живот комуникацијата не ви оди баш. Тоа се само моментални случувања, ќе наидите наскоро на ситуација во која веќе се ќе ви изгледа подобро. Денот не е поволен за заљубување или нова врска.

Девица (23.08 – 22.09)

Запрете се малку со коментарите кои им ги делите на колегите, бидејќи можно е тие да ви го завртат грбот. Доколку не го послушате овој совет можно е да доживеете големо разочарување. Оние кои се во врска или брак ги очекуваат мали кавги.

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сте сами во текот на денот, постојано ќе размислувате за личноста која неодамна вe привлекла со својата харизма. Мислите дека не можете да и одолеете и ќе истражувате начини како да и се приближите. Бидете трпеливи.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На љубовното поле имате доста проблеми. Не сте задоволни од односот со партнерот. Доколку сте ја повредиле саканата личност, сега е момент полека да ја поправите грешката. Разговарајте, освежете го вашиот однос.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Една личност многу ќе ве привлече и ќе имате потреба да ја следите во чекор. Запрете се малку, немојте да бидете наметливи и дадете и време на личноста да одлучи дали сака да биде со вас. Ќе се чувствате омалаксано.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некоја личност од спротивниот пол ќе ве привлече со својата харизма. Нема да можете да го избегнете сплетот на околностите. Препуштете им се на дадените околности. Зафатените припадници на знакот се прашуваат дали погрешиле во односот со партнерот.

Водолија (21.01 – 19.02)

Би било пожелно малку да се осамите, да размислувате за постоечката ситуација. И сами знаете колку довербата е важна за врската. До крајот на денот ќе донесете некоја важна одлука. Најмногу ќе размислувате за својот живот, не за другите.

Риби (20.02 – 20.03)

Желба имате но реалноста е сосема поинаква. Партнерот не е подготвен за нестабилен однос, туку очекува стабилност и од ваша страна. Потребно е со партнерот да донесете заеднички одлуки и нормално да бидете малку поромантични.

GOLD
To Top