Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (09.09.2017)

Овен

Ве очекува значителен напредок на деловен план. Можно е да добиете подобро работно место и поголема плата. Во љубовта ситуацијата е смирена, релаксирачка и ве задоволува.

Бик

Задоволни сте со ситуацијата на деловно-финансиското поле. Не би требало да имате некаква причина за грижа. Во љубовта ќе се појават ситни проблеми, потребен ви е разговор.

Близнаци

Потребно е да имате повеќе трпение бидејќи некои проблеми кои ве мачат не можат да се решат преку ноќ. Сакате да го промените односот со саканото лице, но никако не се обидувате да му удоволите за ништо.

Рак

Можете да добиете некоја нова информација за конкурсот за работното место кое совршено ќе ви одговара. Во љубовта денот е поволен ако сте планирале романтично бегство од секојдневието со партнерот.

Лав

Најдобро е денес да не имате преголеми очекувања. Промените и важните случувања ќе мора да ги почекате. Во љубовта поволни ќе ви бидат вечерните часови, очекувајте изненадување.

Девица

Можете да очекувате максимална поддршка ако ја побарате. Ќе го остварите она што сте го планирале. Во љубовта ве очекува понуда за тајна врска, размислете добро.

Вага

Ќе реализирате некоја нова идеја. Ќе бидете задоволни со исходот. Поволен ден кога станува збор за работата. Во љубовта ќе бидете малку несигурни и невешти..

Шкорпија

Во текот на утринските часови не ве очекуваат позитивни случувања. Подобро е да останете смирени. Во љубовта подготвени сте да преземете поголеми обврски.

Стрелец

Ви доаѓа значително подобрување на деловен план. Можете да очекувате убави вести. Во љубовта доколку сте љубоморни ќе навлезете во кавги.

Јарец

Немате доволно доверба во своите соработници и поради тоа ќе имате големи проблеми на работа. Во љубовта ќе сакате да флертувате, ќе сакате кратки авантури, но доколку сте во врска тоа воопшто не е добра идеја.

Водолија

Ќе добиете помош од една Шкорпија. Ве очекува ден во кој ќе направите доста корисни работи. Во љубовта ви се допаѓа некое лице кое секојдневно го среќавате, па денес соберете храброст да му го покажете тоа.

Риби

Можете да очекувате дека среќата ќе ви се насмевме. Може да ви се исплати и некој мал ризик кој сакате да го преземете со цел да заработите. Во љубовта ве очекува ново познанство, оние во врска или брак ќе бидат во стабилни односи.

 

GOLD
To Top