Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (10.09.2019)

ОВЕН

Работа: Промените кои сакате да ги остварите на ова поле, ќе успеете да ги спроведете на дело кога ќе се создадат услови за тоа, но не денеска.

Љубов: Можни се драстични промени на ова поле, или прекин на некоја емотивна врска.

Здравје: Чувствителност при варење на храната.


БИК

Работа: Ве очекува кратко патување кое може да биде значајно за остварување на некоја нова соработка.

Љубов: Можно е да не сте подготвени да се откажете од љубовта со личност од минатото кон која имате чувства.

Здравје: Без проблеми.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Ве очекува генерално стабилна ситуација кога е во прашање работата. Не би требало да имате големи промени.

Љубов: Емотивно сте незадоволни, пред вас е период во кој ќе имате некои компликации.

Здравје: Немојте да јадете храна од непознато потекло.


РАК

Работа: Денешниот ден не ви е претерано поволен за важни промени. Најдобро е ништо да не работите на сила.

Љубов: Потребно ви е многу трпение за да го остварите она што го сакате на ова поле.

Здравје: Можна е вртоглавица.


ЛАВ

Работа: Пред вас е важна одлука кога е во прашање работата. Време е конечно да ги покажете своите амбиции во вистинско светло.

Љубов: Ако сте во брак, очекувајте дека ќе имате несогласувања со партнерот.

Здравје: Ќе ви годи опуштање.


ДЕВИЦА

Работа: Можно е денеска да не ви годи работната атмосфера и полека размислувате за напуштање на работното место.

Љубов: Разочарани сте од емотивната ситуација затоа што саканата личност го покажало лицето кое не ви се допаѓа.

Здравје: Психоматски проблеми.


ВАГА

Работа: Поволен е денот за нови работни одлуки како и за промени. Може да очекувате дека судбината ќе биде на ваша страна.

Љубов: Можно е да не ви е лесно отворено да покажете што чувствувате кон партнерот.

Здравје: Кичмата ви е чувствителна.


ШКОРПИЈА

Работа: После долго време доаѓате до остварување на стабилизација. Ве очекува добар период.

Љубов: Подготвени сте да и пријдете на вашата симпатија и да го направите првиот чекор кон влез во емотивна врска.

Здравје: Водете сметка околу крвниот притисок.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Потрудете се да не влегувате во големи трошоци или во ризични ситуации на ова поле.

Љубов: Саканата личност ќе ви покаже дека и е потребно време за да размисли за вашата заедничка иднина.

Здравје: Избегнувајте напрегнување.


ЈАРЕЦ

Работа: Немате доволно доверба во работното опкружување и некои работни тајни ги чувате само за себе.

Љубов: Меѓу вас и саканата личност постои некаква дистанца која не можете лесно да ја решите.

Здравје: Проблеми со алергии.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ќе бидете под голем стрес. Постојат одредени проблеми кои не можете да ги решите сами.

Љубов: Можно е да имате некои мали пречки со саканата личност, но постои надеж дека ќе успеете да решите се.

Здравје: Не ви е добро здравјето.


РИБИ

Работа: Очекувајте дека ќе успеете да ги остварите своите желби на ова поле. Ве очекува поволен период.

Љубов: Односот со партнерот е променлив, не сте сигурни каде би можеле да се движите во иднина.

Здравје: Малаксаност ве следи.

GOLD
To Top