Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (11.05.2017)

Овен

Денес цел ден ќе бидете обземени од длабоки мисли. Ќе размислувате за различни сегменти од животот, како ви оди, што да промените и сл. Не мислете дека сте луди поради тоа. Запишете ги своите мисли. Кој знае, можеби подоцна ќе ви бидат од корист.

Бик

Пријателите или вашиот партнер нема да комуницираат со вас на вообичаен начин. Нешто има пречи на вашите драги лица, но тие не сакаат сега да разговараат за тоа. Дури и ако започнете да ги распрашувате, нема да ви одговорат. Може да добиете сосема спротивна реакција од онаа која ја очекувате.

Близнаци

Ја држите контролата во свои раце на деловен план и со леснотија ги извршувате задачите. Вложувајќи минимален напор, ќе остварите максимални резултати. Поволните околности и понатаму влијаат врз текот на деловните случувања. Ако помисливте да се откажете од нешто, побарајте личност која ќе ви понуди помош.

Рак

Уживате во случувањата што се одвиваат на професионалното поле за кои морате да донесете важни одлуки. Со партнерот сте во одлични односи и ништо друго не ви е важно. Преплавени сте со позитивни чувства. Причината за доброто расположение ќе ја најдете во заљубеноста.

Лав

Денес конечно ќе соберете смелост и ќе поведете храбри битки. Се разбира, вашата решителност и цврстиот став во клучните моменти ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната победа. Единствената мисла која секогаш треба да ја имате на памет е да не ги погазувате сопствените принципи.

Девица

Денес зборувајте го она што го мислите и мислете го она што го зборувате. Со секој изговорен непромислен збор ризикувате да навредите блиска личност. Ќе бидете принудени да направите компромис. Не може секогаш да биде по ваше, а и за вас ќе биде најдобро донекаде да се задоволите со она што ви го нудат другите.

.Вага

Ова е денот кога вашите мечти ќе се исполнат, но само ако не се плашите да сонувате. Стравот често е пречка на патот кон среќата, па ослободете се од него. Не им дозволувајте на чудните туѓи погледи да го расипат вашето расположение. Вие сте секогаш понапред од другите, па ќе им биде потребно подолго време за да го достигнат вашето темпо.

Шкорпија

Флексибилноста ќе ви го обележи денот и промените во плановите нема да ви го расипуваат расположението. Помогнете им на луѓето околу вас да сфатат дека животот е непредвидлив и дека треба да бидат поспонтани за да уживаат во него. Некој се обидува да ви го пренесе своето животно искуство. Многу ќе изгубите ако го игнорирате поради презафатеност.

Стрелец

Окупирани сте со практичните проблеми кои се однесуваат на вашиот секојдневен живот и на вашите обврски, кои се потешко ги поднесувате. Се обидувате на наједноставен начин да ги решите проблемите кои ве оптеретуваат, а се однесуваат на пари и секојдневен живот. Денот посветете му го на семејството и не се оптеретувајте со тоа што не можете да го решите.

Јарец

Одлично се снаоѓате во ситуација кога треба да се донесе важна одлука од заеднички интерес и затоа умеете правилно да се наметнете пред соработниците. Нема потреба да се правдате пред драгата личност, туку обидете се да ја покажете вашата позитивна страна.

Водолија

Денес најважно е да се концентрирате на своите приоритетни цели. Не дозволувајте некој да ве обесхрабри со своите песимистички прогнози. Вашите колеги нема да сакаат да ве разберат бидејќи вашите потези не им одат во прилог. Повремено имате лоша процена и очекување расплет на случувањата од љубовниот живот.

Риби

Отежнатата комуникација ќе биде главниот проблем со кој ќе се соочите во овој период. Причината за тоа ќе бидат острите критики кои претпоставените ќе ги упатат на ваша сметка. Но, не очајувајте. Сите имаат добри и лоши моменти на успех, па за кратко време ќе успеете да ги повратите старите позиции.

GOLD
To Top