Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (11.11.2017)

Овен

Добро функционирате во опкружувањето во кое се наоѓате. Вашиот емотивен живот за многумина е прилична тајна, особено ако сте во врска со ексцентрично лице. Постои можност за вирусна инфекција и проблеми со белите дробови.

Бик

Ќе успеете да го покажете својот максимум и немојте да дозволите некој да ви ја наруши самодовербата. Ви се отвораат можности за хонорарна работа. Ако сте во зрели години, би било мудро да се позанимавте со проблемите. Вашето грло е осетливо.

Близнаци

Не ви се препорачува заедничка работа со лицата кои не ги познавате доволно. Лицето со кое сакате да започнете бизнис е прилично неодговорно. Љубовниот живот не ви е најдобар, главно поради вашите нервози и прилично хаотичниот живот.

Рак

Ве очекуваат одлични вести, доколку се најдете на ново работно место. Опкружени сте со лицата кои многу добро ве разбираат и ви даваат корисни совети. Актуелниот партнер целосно ви одговара. Можни се проблеми со желудникот.

Лав

Со помош на пријателите ќе успеете да ја решите деловната ситуација. Нестрпливи сте во врска со развојот на настаните. Целосно сте задоволни со емотивниот живот. На полето на здравјето ве оптоваруваат проблеми со белите дробови.

Девица

Подгответе се за одредени критики, кои нема да ви се допаднат. Љубовниот и семејниот живот би можеле лесно да се доведат во ред, ако успеете да бидете помалку импулсивни. Ве загрижува зголемениот апетит. Ви се препорачува диета.

Вага

Денес мудро ќе одиграте. Со својата ангажираност на деловен план многу лица ќе изненадите. Се наоѓате на почетокот од еден за вас важен период. Успевате кај еден Бик да предизвикате симпатии. Ви се препорачува диета.

Шкорпија

Ќе имате деловна шанса. Можете да очекувате голема поддршка од луѓето со кои не сте толку блиски. Многу сте популарни и имате неколку прилики кога станува збор за вашиот љубовен живот. Можете да очекувате додворување.

Стрелец

Имате сатисфакција да се покренете себе и да успеете во она што сте го замислиле. Ако бидете истрајни и не дозволите никој да ве провоцира, можете да очекувате успех. Љубовниот живот ви е исклучително напнат. Можни се проблеми со зглобовите.

Јарец

Ве очекуваат ненадејни загуби. Бидете подготвени за средба со лице кое може да го усложни вашиот љубовен живот. Здравствената ситуација можете да ја поправите со редовно консумирање на витамини и минерали.

Водолија

Премногу сте осетливи на туѓите критики. Некој сака да ја злоупотреби вашата наклонетост. На праг сте кон периодот кој може да значи можност да го средите вашиот љубовен живот и конечно да доживеете олеснување. Можна е појава на алергија.

Риби

Одлично ја проценувате ситуацијата, но најверојатно ќе донесете одлука која не ви оди во корист. Водите разговори кои не носат ефекти освен ако не се работи за некои крајно неважни работи. Здравствената ситуација ви е доста подобра.

GOLD
To Top