Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (12.06.2018)

Овен

Денеска е ваш ден. Ги имате сите изгледи, со добро планирање, да успеете. Ве очекуваат пофалби и признанија за се што ќе направите затоа дајте се од себе и завршете го сето она што се очекува од вас.
Таинствено се насмевнувате и чувствувате пеперутки во стомакот. На повидок се моменти на уживање се, особено за вљубените, пред вас е прекрасен викенд.
Добро се чувствувате.

Бик

Сакате да го восхитите колективот или претпоставените. Немојте да заборавите на интересот на сите вас. Немојте да реагирате плашливо и не зборувајте се што мислите.
Добро сте расположени и мотивирани, па е момент за уживање со партнерот. Доколку не сте во врска препуштете се на флерт со некој кој ви се допаѓа.
Хронични тешкотии.

Близнаци

Одлучно ги браните своите деловни идеи и останувате при својот став. Најважно е вашите потези да бидат правовремени, но и одговорни.
Поштедете го партнерот од одвишни тестови. Немојте да очекувате премногу. За се има компромис и одлуката треба да биде обострана.
Здравјето ви е добро.

Рак

Некој, на работното место, ќе ви упати бурна сугестија која би требало да ја примите. Бидете повнимателни во деловните одлуки. Претерувањето не донесува ништо добро.
Ескивирајте некого кој ви донесува нервоза и има нереални очекувања. Денеска не е ден за нервирање и не дозволувајте било кој да го расипе вашето расположение.
Можна е главоболка.

Лав

Објективно согледајте ги сите основни фактори врзани за паричните прашања и постапете по вообичена процедура. Денес е можно премногу да се заморувате со детали што може да донесе проблеми.
Изгледате нервозно и партнерот го забележува тоа. Со смирен разговор средете ја ситуацијата или пак со некое убаво излегување.
Нервозни сте.

Девица

Желни сте за напредок и докажување, но колегите како да не ве разбираат. Бидете малку пореални и имајте на ум дека за се е потребно време.
Нешто криете од партнерот. Можни се комликации поради тоа, па поради тоа подгответе се и отворено кажете му на партнерот што е проблемот.
Склони сте кон алергиски реакции.

Терезија

Имате „кец во ракавот“. Вашите ставови и идеи им се допаѓаат на колегите. Изнесете свој прецизен став за потфатот кој на сите ќе им биде важен.
Многу нешта сте испланирале со милото лице но реализацијата сеуште не е на повидок. Барате нови оправдувања за одложување, но партнерот ќе ви се спротивстави.
Добро се чувствувате.

Скорпија

Инсистирате на своето видување на ситуацијата на работното место и тврдоглаво го браните својот став. Поради тоа следи неодобрување од страна на колегите.
На емотивен план би требало да бидете поопуштени и на партнерот да му пружите повеќе разбирање. Денес и наредните денови дајте се од себе повторно да го шармирате партнерот.
Проблеми со грлото.

Стрелец

Бидете подготвени на промени. Моменталната ситуација на работа ќе ги поведе работите во поинаков правец од првобитно замислениот. Тоа ќе се покаже како добро само ако бидете прецизни.
Обрнете внимание на тоа што го зборувате. Би можеле да направите голема грешка која подоцна ќе биде тешко да ја исправите. Некогаш е најдобро да се премолчи она што ни се „вртка“ по главата.
Добро се чувствувате.

Јарец

Ги потенцирате своите планови и како да наметнувате свои ставови. Послушајте сугестија на добронамерен колега бидејќи ќе ви овозможи подоцна поедноставно да ги сфатите своите работни обврски.
Водете сметка дека денес би можело да дојде до расправија со партнерот. Не е добро премногу да инсистирате. Би требало да се служите со помирна стратегија.
Изразена напнатост.

Водолија

Следат ненадејни промени, на работното место, и тоа ќе ви отежни успешно да ја приведете кон крај почнатата задача. Побарајте некоја алтернатива.
Ризично стапувате во незадолжителна врска што веројатно ќе резултира со лош исход па бидете многу внимателни. Оние кои се вљубени можат многу да уживаат во излегувањата со партнерот.
Добро се чувствувате.

Риби

Мислите дека располагате со поголемо количество знаење во однос на своите колеги и тоа се гледа по вашиот став. Сакате да имате поголемо влијание на донесувањето одлуки и да ги измените досегашните услови.
Не впуштајте се во непотребни кавги и сфатете дека не можат сите да мислат како вие. Немојте премногу да барате од партнерот.
Посетете стоматолог.

 

GOLD
SN Finansii
To Top