Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (12.11.2017)

Овен

Јасно ви е дека се има свој „век на траење“, но упорно инсистирате на работите кои се надминати. На средбата со соработниците залудно се обидувате да промените нечие мислење и однесување. Прифатете ја позицијата во која се наоѓате. Партнеровото недоразбирање на вас делува обесхрабрувачки, реагирате повеќе чувствително отколку вообичаено. Разубавете го своето расположение на некој од начините кои ви се лесно достапни.

Бик

Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе

Близнаци

Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому е потребна емотивна поддршка.

Рак

Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и јака. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.

Лав

Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

Девица

Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.

Вага

Загрижени сте за една блиска личност. Се обидувате да ја разберете и барате начин како да ја подобрите нејзината ситуација. На работноното место имате впечаток дека се случува нешто без ваше знаење или дека саканата личност користи изговори. Не бидете импулсивни и ќе видите дека се е во ред.

Шкорпија

Притаено работите и не сакате многу контакти со луѓе. Длабоките размислувања и анализи ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе. Вашиот систем на вредности веќе извесно време врви низ фаза на промени и се  уште не е дефиниран. Можеби треба да си дадете некое време. Обидете се да не бидете сурови кон себе.

Стрелец

Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.

Јарец

Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.

Водолија

Денес расположението и емоциите на луѓето околу вас ќе имаат огромно влијание на тоа како се чувствувате и како се однесувате. Лесно ќе ве расплаче нечија тажна приказна или пак ќе ве „зарази“ нечија позитивна еуфорија. Па, внимателно избирајте со кого ќе го поминете денот.

Риби

Наметнете се со своите идеи, но немојте да бидете нападни, само така ќе успеете. Ослободете се од напнатоста и нервозата, тоа може сериозно да влијае на вашето здравје. Вложете во образованието. Среќни сте и задоволни, полни со позитивна енергија.

GOLD
To Top