Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (14.01.2019)

ОВЕН

Работa: Соработка со огнени и воздушни знаци може да биде многу корисна, особено со Вага која ќе ви даде опуштеност и полесен пристап кон работата.

Љубов: За сите слободни, средба со личност во знакот Стрелец, за сите во брак или врска, само еден вообичаен ден.

Здравје: Добро.


БИК

Работа: Имате чувство што работите и по кој пат одите. Ќе имате голема помош од личност во знакот на Вага. Слушајте ја.

Љубов: Можеби е подобро уште на почеток да кажете што сакате, и ќе биде многу појасно во текот на самата врска.

Здравје: Потребен ви е спорт.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Не сте подготвени нешто да менувате. Оставете ја работата онаква каква што е.

Љубов: Добар ден за оние кои се осамени да се впуштат во некое добро познанство.

Здравје: Водете сметка за своето здравје.


РАК

Работа: Имајте повеќе доверба во вашите колеги. Многумина од нив може да ви завршат доста работа.

Љубов: Немате напнатост ниту лош ден. Вашата емотивна врска е нешто кое морате да го чувате. Осамените нека се подготват за патување.

Здравје: Добра енергија.


ЛАВ

Работа: Одличен ден за нова работа која може да ви донесе многу. Пробајте да се занимавате со работи кои го оплеменуваат духот. Спорт, работа со деца. Можеби и некоја хуманитарна работа.

Љубов: Изненадување на полето на емоции. Познанство со личност од странство.

Здравје: Добра енергија, но внимавајте на падови, повреди.


ДЕВИЦА

Работа: Морате да бидете експерт за да ги избегнете проблемите на работа. Добро ќе минат оние Девици кои работат во затворени институции.

Љубов: Некој од колегите ви се додворува. Добра врска со Близнаци, Лав или друга Девица.

Здравје: Чувајте го горниот дел од телото.


ВАГА

Работа: Добро сте организирани. Морате да ги поттикнете колегите и вашите надредени. Тие немаат јасен пат до славата.

Љубов: Одличен ден за љубов. Шарм и убавина ве красат. Привлечни сте на секој чекор каде и да се појавите.

Здравје: Одлично.


ШКОРПИЈА

Работа: Се чувствувате премногу ангажирано. Можеби е момент да застанете малку со големите планови. Во денешниот ден не размислувајте премногу за пари.

Љубов: Оние кои се во брак, мораат да водат сметка за верноста. Ве привлекува авантура. Оние кои се сами, ново познанство.

Здравје: Чувствителен долен дел од стомакот.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Размислувате за се. Некогаш сте задоволни, некогаш не. Често плановите ви се остваруваат, но денеска немате такво чувство. Сигурно некои работи ќе ги поместите за идната недела.

Љубов: Емотивно гледајќи, оние кои се сами ќе имаат бурна ноќ. Веројатно повеќе познанства за една вечер.

Здравје: Добро.


ЈАРЕЦ

Работа: Вие сте личност која знае да почне работа и да трае. Денеска ви е добра соработка со личности кои имаат нагласена планета Уран во својот хороскоп. А тоа е Водолија.

Љубов: Домот и децата ви се важни. Ако сте женско Јарец, а сакате љубов, побарајте ја во голема група на луѓе, на социјални мрежи…

Здравје: Настинка.


ВОДОЛИЈА

Работа: Веројатно некој од колегите ќе ви соопшти дека е потребно брзо да се спакувате и да тргнете на пат. Со странство може да имате добра енергија, и пари.

Љубов: Емотивно сте врзани за еден пријател или една пријателка. Дали е тоа добар избор, времето ќе покаже.

Здравје: Несоница.


РИБИ

Работа: Немојте да мешате љубов и работа. Морате да бидете поотворени кон своите соработници. Секој има место во вашето срце.

Љубов: Вашиот партнер многу работи и не размислува толку за вас и вашата љубов, колку во парите кои ги заработува. Тоа мора да се смени.

Здравје: Чувајте го здравјето со органска исхрана.

GOLD
To Top