Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (14.02.2019)

ОВЕН

Работa: Под голем притисок сте на работа и можно е секој ден се повеќе да размислувате за тоа да дадете отказ.

Љубов: Очекувате поддршка од саканата особа. Сепак, таа во моментов нема слух за вашите проблеми, затоа што е оптоварена со свои.

Здравје: Болки во зглобовите.


БИК

Работа: Не сте доволно концентрирани на работата и можете лесно да правите нови грешки на тоа поле денеска.

Љубов: Не сте заинтересирани за нови познанства. Пред личностите од спротивниот пол делувате ладно.

Здравје: Осцилации во расположението.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Вие сте многу посветени на работата и може да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе успеете да остварите добри резултати.

Љубов: Имате прилика да го обновите контактот со некоја личност од минатото. Старата љубов ви се враќа.

Здравје: Проблеми со забите.


РАК

Работа: Немојте да допуштите некој друг да одлучува наместо вас. Важно е сами да истапите во свој интерес.

Љубов: Ако сте слободни денешниот ден е поволен за почеток на нова врска.

Здравје: Зголемете го внесто на калциум и магнезиум.


ЛАВ

Работа: Мали компликации на работното поле. Можно е некои проблеми да ви дојдат неочекувано.

Љубов: Многу сте осамени и не ви е лесно да споите некои нови познанства.

Здравје: Главоболка.


ДЕВИЦА

Работа: Загрижен сте поради некои проблеми на работен план. Не сте сигурни во кој правец ќе се одвива вашата ситуација.

Љубов: Доколку ви се допаѓа личност родена во огнен знак, можно е да имате флерт.

Здравје: Несоница.


ВАГА

Работа: Немојте да очекувате поголеми промени. Потрудете се да се посветите на вообичаените работи кои се пред вас.

Љубов: Ви се допаѓа особа со која имате некој опуштен и пријателски однос.

Здравје: Ќе ви годи масажа.


ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекува опуштен ден кога се во прашање вашите обврски. Можно е да не бидете претерано оптоварени.

Љубов: Многу сте страствени и сакате да и угодите на саканата личност. Ве очекува позитивен ден за флерт.

Здравје: Внимавајте на кичмата.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Немојте да се занимавате со претерано ризични работи за да не направите поголема штета во своето работно опкружување.

Љубов: Некое време сте уживале во авантура, и сега конечно сте спремни да ја прекинете.

Здравје: Внимавајте на холестерол.


ЈАРЕЦ

Работа: Очекувате помали потешкотии на работното поле. Не оди се онака како што сте очекувале дека ќе оди.

Љубов: Доколку постои проблем во комуникацијата со саканата особа, ќе успеете да го решите денеска.

Здравје: Внимавајте на бубрези.


ВОДОЛИЈА

Работа: Не е поволен ден за склопување на нови договори. Најдобро би било да не се впуштате во поголеми планови.

Љубов: Ви делува дека партнерот се дистанцирал од вас. Имате впечаток дека нешто не е во ред.

Здравје: Чувствителен уринарен тракт.


РИБИ

Работа: Бројните работни обврски во создаваат притисок и неровза. Не ви е лесно добро да се организирате.

Љубов: Настапува малку тежок период за љубов. Имате доста дилеми и преиспитајте се.

Здравје: Пад на имунитетот кој носи проблеми.

GOLD
To Top