Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (15.07.2019)

ОВЕН

Работа: Имате силен став кога е во прашање работата и личните финансии. Морате да бидете повеќе колегијални, но на некои колеги не можете да сметате.

Љубов: Емотивниот живот ви е периодов доста слаб. Можеби е време да мислите на смена на партнерот.

Здравје: Покачен крвен притисок.


БИК

Работа: Никој не може да ве разубеди дека сте во право. Вашиот тврдоглав став е нешто што ви значи во работата, но ви ја расипува сликата мала тензија во тимот.

Љубов: Сакате да се ослободите од стресот и добро да се забавувате. Излезете со друштво, можеби некого ќе сретнете.

Здравје: Избегнувајте ладни пијалоци.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Наклонети сте кон радикални промени. Би било добро да се држите по стариот систем отколку да експериментирате со нешто ново.

Љубов: Сакате да се дружите и да излегувате во големо друштво. Некој ги сака вашите шеги.

Здравје: Одморајте.


РАК

Работа: Сте се навикнале на поголема комоција и на признанија во последно време. Ситуацијата може да се смени во ваша корист.

Љубов: Сакате да давате многу повеќе и не жалите доколку не добивате емоции во иста мера. Ќе мора да бидете доволно отворени кон партнерот.

Здравје: Внимавајте на изборот на храната.


ЛАВ

Работа: Овој пат гледате дека морате да донесете одлука заедно со останатите во тимот. Немојте да заборавите дека не сте сами во оваа приказна.

Љубов: Се гледа доста јасно какви се вашите емоции. Морате да мислите на партнерот и на неговите чувства.

Здравје: Психолошки проблеми.


ДЕВИЦА

Работа: Не очајувајте ако не биде се’ онака како што сте си замислиле. Пробајте да се организирате на подобар начин и немојте да ја оставате работата за друг ден.

Љубов: Оние кои се во брак, ќе имаат малку лоша ситуација и караница со партнерот.

Здравје: Чувствителен дигестивен тракт.


ВАГА

Работа: Чувствувате голем притисок кога е во прашње вашето поле на финансии, и сметате дека можете многу подобро.

Љубов: Подобрувајте својот однос со партнерот, затоа што некои работи може да се искомплицираат.

Здравје: Чувствувате умор.


ШКОРПИЈА

Работа: Лошо сте расположени, но водете сметка што сте подготвени да кажете во комуникации со соработниците. Може да паднат „жешки“ зборови.

Љубов: Ќе бидете доволно отворени кон својот партнер и ќе најдете заедничко решение за своите проблеми.

Здравје: Ви пречи топлина.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Сакате да правите одредени работи во недоглед и тоа упорно ви се случува. Но, во суштина ја сакате својата работа.

Љубов: Секогаш сте биле зафатени со други работи и малку внимание сте посветувале на својот партнер. Искажете ги своите емоции на вистински начин.

Здравје: Водете сметка околу калциумот.


ЈАРЕЦ

Работа: Некои луѓе од вашето опкружување се секогаш со вас и сакаат да ви помогнат на патот по кој сте тргнале. Ќе работите без проблеми.

Љубов: Не сакате да ги покажувате емоциите и ги држите во себе. Повеќе сте фокусирани на финансиите овие денови.

Здравје: Потребен ви е поголем одмор.


ВОДОЛИЈА

Работа: Она за кое размислувате е помалку недозволиво, и ги согледувате проблемите со кои би се соочиле. Внимавајте и бидете отворени кон себе.

Љубов: Доколку сте сами не очајувајте затоа што ви следи забава на која може да запознаете значајна личносто.

Здравје: Одлично.


РИБИ

Работа: Потрудете се дел од своите обврски да ги завршите на време за да можете да се впуштите во нешто сосема ново.

Љубов: Сакате да доминирате, тоа денеска е ваша потреба и сакате така да остане.

Здравје: Внимавајте на хроничните болести.

GOLD
To Top