Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (15.09.2017)

Овен

Мирен викенд кога станува збор за работата. Аспектите се многу поволни за брак и за проширување на семејството. Преиспитајте ги своите критериуми и дадете го максимумот со цел да го продолжите животот на поинаков начин.

Бик

Еден сосема обичен викенд. Можни се повреди на работното место, бидете внимателни. Се што мислите и правите ќе се одрази на вашето здравје и успех. Имате потреба од силна прегратка и поддршка.

Близнаци

Вие не сте подготвени да се откажете од своите планови. Имате посебни визии кои морате да ги реализирате. Денес често се користат преговарачките способности за да дојдете до целта. Засилете ја физичката активност.

Рак

Нежното здравје и слабото расположение влијаат на квалитетот на врската. Успех на деловен план, добри вести, добар партнерски договор. Викендот поминете го со луѓето кои ве лекуваат со нивното присуство.

 

Лав

Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба не ви е стабилна.

 

Девица

Времето ќе го поминете со саканото лице. Можни се проблеми на работа, непредвидени околности и некој тажен епилог. Нема да дозволите некој да ве посоветува. Можна е настинка.

Вага

Ве очекува многу успешен период. Важно е да направите дополнителен напор на разни деловни полиња во текот на целиот викенд. Ве очекува сатисфакција, признавање од некој и напредување во брзо време. Во полето на љубовта се останува исто.

Шкорпија

Не се навраќајте на старите нешта. Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За се друго гледајте само напред.

Стрелец

Избегнувајте несериозни и проблематични лица и расправии со нив. Можни се загуби на пари на игрите на среќа. Периодот не е поволен за барање на зголемување на платата. Ќе бидете силни, здрави и издржливи на болести.

Јарец

Во љубовниот и семејниот живот ќе морате да вложите малку повеќе енергија од нормата на која сте навикнале. Понекогаш љубовта бара и поголемо жртвување, докажете дека го умеете тоа и дека блиските ви се многу повеќе важни.

 

Водолија

Пред вас е период кој носи широки можности за професионално усовршување и напредување. Ќе успеете да ги остварите сите големи амбиции, но неопходни се извесни одрекнувања. Во љубовта се е совршено.

 

Риби

 

Партнерот ве става на маки очекувајќи да ја признаете својата грешка. Размислете добро како ќе го завршите непријатниот разговор. Изложени сте на различни притисоци и често се наоѓате под стрес.

 

GOLD
To Top