Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (16.04.2019)

ОВЕН

Работа: Не сте задоволни со моменталната работа, но се потпирате на сигурноста која ви ја пружа. Сепак, за вас е најдобро да иницирате некаква промена.

Љубов: Околностите во кои се наоѓате со саканата личност, не се најидеални.

Здравје: Депресивни сте.


БИК

Работа: Сте се довеле себе си во ситуација на која не сте горди, но ако сега заземете одговорен и зрел став, последиците нема да бидат така тешки.

Љубов: На полето љубов ве очекува добра прилика за флерт или познанство.

Здравје: Чувајте го срцето.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Можни се непредвидени околности кои ќе го пореметат вашиот секојдневен тек. Со нив долго време ќе се борите.

Љубов: Ако сте во врска, ви претстои период на заладување на односите со саканата личност.

Здравје: Проблеми со белите дробови.


РАК

Работа: Ненамерно ќе дојдете до некои важни информации кои може да ви послужат да ги решите сите дилеми кои сте ги имале.

Љубов: Денешниот ден ќе биде доста поволен на љубовното поле.

Здравје: Водете сметка околу бубрезите и бешиката.


ЛАВ

Работа: Ќе имате доволно среќа некои проблеми да ви се решат со минимален труф. Имајте го тоа на ум и максимално користете го.

Љубов: Можно е да ви се допаѓа една постара личност која не покажува многу интерес.

Здравје: Можна главоболка.


ДЕВИЦА

Работа: Чувствувате да имате доволно енергија за решавање на своите проблеми, и навистина тоа ќе го остварите ако истраете во својот труд.

Љубов: Ќе ве изненади интересот кој една личност ќе го покаже кон вас.

Здравје: Одлично.


ВАГА

Работа: Денеска атмосферата на работа, за промена, ќе ве држи во добро расположение. Можете да се опуштите и да очекувате пријатен ден.

Љубов: Чувствувате дека вашата врска предолго трае, до таа мерка што ви здосадила.

Здравје: Се чувствувате добро и немате тешкотии.


ШКОРПИЈА

Работа: Ќе постигнете резултати подобри од очекуваните. Сепак, продолжувате да вложувате труд во својата работа, затоа што вашата ситуација не е толку стабилна.

Љубов: Ќе водите интересен разговор со саканата личност.

Здравје: Имате многу енергија.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува позитивен ден без премногу турбуленции. Можете да бидете опуштени.

Љубов: Можно е да препознаете личност која нема да ви се чини посебно значајна сега, но подоцна тоа може да биде.

Здравје: Проблеми со кашлање.


ЈАРЕЦ

Работа: Доколку се одлучите на работни промени, можно е на тој чекор да имате многу позитивен исход.

Љубов: Денеска чувствувате некое нетрпение по прашањето љубов. Ако сте во врска, можни се караници.

Здравје: Ќе ви годи физичка активност.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ако сакате да ја задржите работата, ќе мора да смените некои шаблони поради кои надредените повеќе пати ви замериле.

Љубов: На вашата врска неопходна е промена на емотивен план.

Здравје: Чувствителна кожа.


РИБИ

Работа: Иако се чини дека ништо не ви оди од рака, и до се морате да дојдете по потешкиот пат, треба да останете упорни, затоа што ќе ви се исплати.

Љубов: Можно е да сте емотивно незадоволни денеска.

Здравје: Ве очекува подобрување во ова поле.

GOLD
To Top