Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (18.05.2017)

Овен

До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогне медитацијата и вежбите за истегнување. Не ги потценувајте непријателите. Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате во сите нејзини благодети. Искористете ги сите поволни моменти.

Бик

Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат. На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

Близнаци

Посветувајќи си квалитетно време себеси, ќе си ја зголемувате среќата. Сите знаеме дека широката насмевка води до подолг живот, а вие денес ќе ја подарувате повеќе отсекогаш. Не плашете се да се стремите кон височините, кон оние нешта кои изгледаат недостижни. Дури и да не ги достигнете, ќе бидете понапред од другите кои воопшто не ни пробале, плашејќи се од неуспех.

Рак

Денес имате можност да се запознаете со некоја личност која сте сакале одамна да ја запознаете. Не е важно дали за таа личност сте заинтересирани на љубовна, деловна или пријателска основа. Во секој случај, ќе уживате во секој момент од вашето дружење. Не се колебајте бидејќи оваа средба ќе биде многу позитивна за вас.

Лав

Ќе го освоите светот со својата позитивна енергија. Ќе го оставите песимизмот зад себе и долго време нема да потпаднете под негово влијание. Колку посилно верувате дека нештата можат да тргнат во позитивна насока, толку подобро ќе се одвиваат тие. Планетите ви се наклонети, па не дозволувајте ништо да ви попречи на патот кон она што го сакате.

Девица

Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми.

Вага

Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето заклучоци држете се до фактите. Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. За вас разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите и се однесувате коректно со пријателите и околината.

Шкорпија

Ќе ви се зголеми желбата за патување и во следните месец дена ќе ја користите секоја можност за бегство од вашето место на живеење. Значително ќе ви се подобри расположението и ќе бидете како зрак светлина каде и да се појавите. Прифаќајте ги поканите за забави и свечености, движете се на места каде што има многу луѓе и не го избегнувајте склопувањето на нови познанства. Новите контакти ќе ви го збогатат животот со незаборавни доживувања.

Стрелец

Ако на работа сте опкружени со лица со кои не сте во добри односи, а всушност и малку ви завидуваат, не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи така ништо нема да постигнете. Се трудите да добиете повик од некој Лав со кој не сте биле во добри односи, но сепак се надевате на добра комуникација.

Јарец

Некој ќе ви даде конкретна понуда кога станува збор за работа која може да биде ветувачка. Се чувствувате добро во друштво на интелектуалци и личности со кои имате за што да разговарате. Ви прилега друштво на млади лица но и друштво од стари и искусни лица. Верувате дека вашиот талент наскоро ќе дојде до израз.

Водолија

Имате моќ на убедување која во следните три дена ќе биде невообичаено силна, па ако сте инволвирани во некоја активност каде ова е потребно користете го максимално. Ќе бидете постојани и темелни, па нема да имате проблем во остварувањето на замисленото.

Риби

Ќе почувствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.

GOLD
To Top