Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (18.09.2019)

ОВЕН

Работа: Имате многу работа и не ви е лесно сите обврски сами да ги завршите. Потребна ви е поддршка и помош од соработниците.

Љубов: Пред вас е период во кој може да дојдете до разочарување на полето емоции.

Здравје: Добро се чувствувате.


БИК

Работа: Очекувајте фаза која за вас ќе биде поволна. Ќе успеете да остварите стабилизација.

Љубов: Ве очекува ново познанство кое може да биде значајно за вашата љубовна иднина.

Здравје: Ќе ви годи прошетка.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Постојат некои околности кои ве кочат околу напредувањето. Ќе имате доста проблеми во следниот период.

Љубов: Ве очекува интересно познанство со личноста која ќе ви ги потврди емоциите кон вас.

Здравје: Одморајте што повеќе.


РАК

Работа: Очекувајте генерално поволен ден во текот на кој ќе успеете да решите важни работи на работното поле.

Љубов: Ако сте слободни, пред вас е одличен период за нови љубовни случувања.

Здравје: Можни проблеми со забите.


ЛАВ

Работа: Потребно е да имате повеќе трпение и да бидете упорни за да ги остварите целите кои ги имате.

Љубов: Ви делува дека сте влегле во фаза на монотонија и тоа не ви се допаѓа. Ви требаат некои промени во врската.

Здравје: Немојте да се заморувате.


ДЕВИЦА

Работа: Може да добиете прилика да го покажете своето мислење и ставовите во опкружувањето кое тоа ќе го прифати.

Љубов: Поволен е денот за решавање на проблемите со саканата личност. Може да очекувате дека ќе најдете компромис.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.


ВАГА

Работа: Можно е некои работи да не се по ваша волја и да не сте задоволни од работната ситуација.

Љубов: На некој начин сте збунети и тешко ги прифаќате емотивните промени кои се случуваат околу вас.

Здравје: Пад на имунитетот.


ШКОРПИЈА

Работа: После драстичните промени од претходниот период, доаѓате до фаза во која, конечно, доаѓа до смирување на ситуацијата.

Љубов: Ќе бидете среќни крај личноста која ви значи. Пред вас е поволен период.

Здравје: Низок притисок.


СТРЕЛЕЦ

Работа:Не се залетувајте со брзи одлуки. Пред вас е фаза во која ќе имате време да размислувате.

Љубов: Ако сте во брак, ве очекува период во кој ќе сакате проширување на семејството.

Здравје: Проблеми со варењето на храната.


ЈАРЕЦ

Работа: Не сте сигурни дали ќе треба да останете на истата работа. Се премислувате околу важни одлуки и промени.

Љубов: Ќе запознаете интересна личност со која ќе посакате врска на долги патеки. Таа ќе ви врати со чувствата.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.


ВОДОЛИЈА

Работа: Многу тежок ден за вас. Пред вас е фаза на проблеми и компликации.

Љубов: Загрижени сте за работата и тоа влијае на вашата комуникација со саканата личност.

Здравје: Не ви е поволен период за здравје.


РИБИ

Работа: Компликациите кои сте успеале да ги надминете, ве направиле силни и искусни.

Љубов: Разочарани сте од саканата личност и не сте го добиле она што ви е потребно. Емоциите ви се во минус фаза.

Здравје: Проблеми поради замор.

GOLD
To Top