Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (19.04.2019)

ОВЕН

Работа: Добро размислете ја секоја денешна одлука и бидете внимателни за се што потпишувате.

Љубов: Нема да успеете да ја сочувате својата врска доколку продолжите да покажувате толку нервоза.

Здравје: Потребна ви е физичка активност.


БИК

Работа: Ве очекуваат позитивни промени. Доколку барате нова работа, денеска би можело да дојде до значајно случување на таа тема.

Љубов: Периодот кој ве очекува ќе биде турбулентен.

Здравје: Ќе ви годи рекреација.


БЛИЗНАЦИ

Работа:Денеска ќе имате тешкории во остварувањето на своите планови. Може да се надевате на голема помош од страна.

Љубов: Ќе ви се допадне личност која е комплицирана или чувствителна.

Здравје: Немојте да зимате лекови на своја рака.


РАК

Работа: Денешниот ден е многу поволен на ова поле. Успехот е извесен за се што ќе пробате да остварите.

Љубов: Ви доаѓа време да расчистите некои нерешен однос од минатото. Можно е да ве чека пријатна средба.

Здравје: Под стрес сте.


ЛАВ

Работа: Ви се чини дека досегашниот начин на функционирање не е доволно ефикасен и смислувате начин нешто да смените.

Љубов: Во моменталната ситауција нема да успеете да ја сочувате саканата личност, раскинување е блиску.

Здравје: Малаксаност и вртоглавица.


ДЕВИЦА

Работа: Вашата комуникација со соработниците не е баш најдобра поради што често добивате погрешни информации или сте неинформирани.

Љубов: Како да немате волја за љубов сега, и покажувате малку емоции.

Здравје: Чувствителен црн дроб.


ВАГА

Работа: Иако не очекувате многу, моменталната работа може да ви стане многу позитивно искуство.

Љубов: Потрудете се да не пропуштите ниту една шанса која ќе ви се укаже. Вашата врска сега може да биде загрозена од љубомора.

Здравје: Добро.


ШКОРПИЈА

Работа: Се чувствувате многу исцрпени од сите проблеми кои чекаат да ги решите. Денеска имате премалку енергија и мотивација да се занимавате со било што.

Љубов: Немате храброст да превземете иницијатива на полето љубов.

Здравје: Контролирајте ја штитната жлезда.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Во вас постои амбиција и желба за успех. Планирате да ја остварите со својот труд и работа и имате доволно енергија и квалитет за тоа.

Љубов: Ако ги покажете своите емоции на саканата личност, ќе биде убаво.

Здравје: Солидно.


ЈАРЕЦ

Работа: Покажете трпение и оптимистички став. Проблемите кои ве мачат не се нерешливи, само е потребно време.

Љубов: Крајот на вашата врска полека но сигурно се приближува, и вие сте свесни за таквиот исход.

Здравје: Проблеми со уринарните патишта.


ВОДОЛИЈА

Работа: Можно е да дојде до некоја уплата која долго ја очекувате. Денеска ви е поволен ден околу финансиите после долго време.

Љубов: Промените кои вашиот партнер ги покажува, ќе ве израдуваат.

Здравје: Полни сте енергија.


РИБИ

Работа: Време е да донесете одлука која ќе влијае на иднината на вашата кариера. Во голема дилема сте за што да се определите.

Љубов: Како времето минува, вашите караници со саканата личност се посериозни.

Здравје: Можни мали проблеми со грлото.

GOLD
To Top