Овен

Убавите случувања од изминатиот период нема да можат да ви излезат од глава. Но и покрај тоа не заборавајте на обврските. Изработете сѐ што ви простанало, па дури потоа можете да се рекалсирате и да ги правите работите кои ви причинуваат задоволство.

Бик

Во последниот период, љубовниот живот не ви оди од рака. Но, немојте да очајувате, најдоброто тукушто следува. Случувањата на работното место малку ќе ве загрижуваат, но вие сепак посветете се на обврските кои ви се зададени вам.

Близнаци

Некој од вашите пријатели не ви мисли добро. Затоа, внимавајте на кого му се доверувате, бидејќи вашите тајни можат лесно да бидат откриени. Внимавајте на вашата исхрана и одвојте дел од денот за вежбање и обликување на вашето тело.

Рак

Изминатиот период не ви беше најсјаен, но затоа овој ден ќе го паметите како еден од попозитивните. Уште утрово ќе се разбудите со насмевка на лицето, а некоја личност од спротивниот пол со своето присуство дополнително ќе ви го разубави денот.

Лав

Вашите психички способности, мечтаењето и интуицијата, ќе бидат на највисоко ниво. Водете сметка за тоа колку сте добри со луѓето, бидејќи некои луѓе едноставно не ја заслужуваат таа добрина која им ја подарувате.

Девица

На работа ви претстојат значајни промени, веројатно на поробро, посебно ако се занимавате со приватен бизнис. Доколку ви се допаѓа личноста со кој подолго време се дружите, ќе морате да бидете поупорни во освојувањето. Некој многу сака ве импресионира.

Вага

Не се нервирајте поради работата. Кога станува збор за финансиите, доста сте несигурни и мислите дека не сте доволно платени. Слободно почнете врска со некој кој е во знакот на Овен или Вага, но обновувањето на врската со некој Рак може да биде навистина стресно.

Шкорпија

Сакате да направите нешто со кое ќе им покажете на сите дека не зависите од никој. Не се оптоварувајте со она што го зборуваат завидливите колеги. Распоредот на ѕвездите во овој период ќе ви донесе несогласување со партнерот.

Стрелец

Месечината ви овозможува да бидете успешни. За да се изборите за слобода, подготвени сте да се впуштите во расправии со партнерот или со членовите на неговото семејство, но и со членовите на вашето семејство.

Јарец

Имате многу работа, а со задоволсто би почнале нешто ново. Можни се вложувања во станбен простор. Многу ве привлекува на работа една авантура со некој во знакот на Вага, па дури и ако не сте слободни. Вашата комуникативност ви е најсилен адут денеска.

Водолија

Можна е љубов со амбициозна личност, која често патува и ќе ви понуди соработка. Слободните ќе се најдат во незгодна ситуација – ќе им се додворуваат две личности кои се познаваат.

Риби

Марс ви носи проблеми во комуникацијата со семејството. Малку ќе се колебате во врска со некоја нова работа. Почетокот и крајот на денот ви се поволни за љубов и за семејство. Избегнувајте ги работите кои можат да ви предизвикаат алергија.