Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (20.11.2017)

Овен

Денот по утрото се познава, па не испуштајте ниту миг. Ќе играте фантастично на професионален план. Ќе ги зграпчувате сите шанси за заработка и експертски ќе блефирате кога ќе биде потребно тоа.

Љубовта ќе ви биде во фаза на стагнација. Не се разочарувајте, следуваат многу возбудливи моменти.

Бик

Ќе се чувствувате под притисок да блеснете на работното место, а вие сè што ќе посакувате ќе биде слободен ден. Личниот живот ќе ви биде приоритет и без оглед на околностите, ќе се посветите на она што ве усреќува.

Очекувајте максимална хармонија во односите со саканиот. Признајте колку се убави ваквите периоди на љубовно спокојство.

Близнаци

Ќе бидете брилијантни кога ќе го искажувате она што ви го преокупира мозокот, па дајте им шанса на вашите идеи да стигнат до „вистинските“ уши.

Не дозволувајте некој да ви кажува што можете и што треба да правите. Картите се во ваши раце, играјте по ваши правила.

Рак

Денес многу луѓе кои добро ги познавате ќе се однесуваат малку чудно. Нивните реакции ќе ве фрлаат кон недоумици и ќе бидат виновни за тоа што ќе се запрашате дали сте донеле правилни одлуки.

Иако ќе паднете во искушение да се сомневате во себе, најдобро е да стоите зад она што сте го направиле или кажале.

Лав

Денес ќе бидете нерешителни, а вашите емоции ќе одат во крајности. Во еден момент ќе бидете подготвени да го освоите светот, а во следниот, ќе сакате да се затворите меѓу четири ѕида подалеку од љубопитните погледи.

Одложете ги важните состаноци и дајте си време да се сталожите.

Девица

Ќе добивате многу пофалби и благодарности, но дури ни тоа нема да ве стави во состојба на егоцентричност и надменост. Ќе газите стабилно по земјата и нема да дозволите ласкањата да ве вивнат во облаци. Тоа е најдобрата стратегија!

Некои девици ќе бидат исправени пред дилема поврзана со финансиите.

Вага

Денес вие ќе бидете стабилизатори на работната атмосфера. Ќе ширите позитивна енергија од која сите ќе имаат корист.

Ќе бидете расположени за забава по ваш вкус – во отмен ресторан, на изложба, на театар… Ќе ги претпочитате настаните и местата кои ги стимулираат вашите сетила.

Шкорпија

Ќе бидете посакувани соговорници. Многу ваши пријатели/роднини/колеги ќе ви побараат средба со цел да се консултираат со вас. Излезете им во пресрет на што повеќе од нив.

Сепак, колку и да сте активни на друштвен план, најдете време за да си ги наполните батериите.

Стрелец

Не бидете скромни. Ова е период кога треба да барате што повеќе кога знаете дека го заслужувате тоа. Побарајте унапредување или покачување на платата и нема да зажалите.

Некои стрелци ќе се најдат исправени пред морална дилема.

Јарец

Денес ќе бидете решени да изнудувате насмевки и ќе се запоставите себеси за да си ја постигнете целта. Ќе издвоите значително време за хуманитарни активности и ќе започнете иницијативи за подобра иднина.

Од срце ќе донирате, од срце ќе повикувате да им помогнете на немоќните. Очекувајте многу пофалби.

Водолија

Чувајте ги пријателите блиску, а непријателите уште поблиску. Денес ќе мора да се потрудите да ѕирнете во плановите на конкурентите, за да не останете зад нив. Дозволете ѝ на амбициозноста да ве води.

Очекувајте телефонски повик кој ќе ве замисли.

Риби

Нема да бидете во форма на деловен план. Ќе дозволите личниот живот да ви влијае на продуктивноста. Иако никој нема да ви замери, вие ќе чувствувате фрустрации.

Бидете колку што е можно физички поактивни.

GOLD
To Top