Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (22.09.2017)

Овен

Не се оптоварувајте со дополнителни обврски и внимавајте на разговорот со најблиските. Точно пред нив, можете да го испуштите јажето и да си создадете проблеми, а тие во моментов ви се апсолутно непотребни. Вашето здравје ви сигнализира дека не водите сметка што јадете.

Бик

Навистина придржувањето кон даден план и рутина ви дава чувство за контрола над вашиот живот, но тоа прави да ви недостига забава. Денес почитувајте ги правилата, но не претерувајте. Внесете мала доза на авантура во вашиот живот.

Близнаци

Денес е вашиот среќен ден. Може да очекувате многу одлични изненадувања. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите.

Рак

Ќе бидете многу атрактивни и забележани од секого. Ќе се најдете во голема фреквенција на средби и промени на планови и сето тоа ќе ве прави пренапнати, но со својата енергичност ќе успеете да ја надокнадите концентрацијата и понекој погрешно изговорен збор. Воздржете се од непотребни изјави.

Лав

Во работата внесувајте што помалку емоции и без оглед колку некои луѓе ви се допаѓаат или не. Денеска ќе бидете посебно напнати и затоа ќе морате добро да размислите пред да ја треснете вратата или кажете нешто што може да ви направи големи проблеми.

Девица

Ако очекувате некаква испорака, приход или ветен подарок денеска можете да бидете изненадени. Вложувајте повеќе во блиските врски и немојте да се оддалечувате од драгите луѓе и борете се против чувството на осаменост или несфатеност.

Вага

Денес повеќе ќе одмарате отколку што ќе работите. Тоа не е толку оправдано, но сепак ви е неопходно. Посветете му се на семејството, пријателите, излезете на прошетка и релаксирајте се.

Шкорпија

Организираност, смиреност и оптимизам. Тоа ви треба денес. Времето нема да ви стаса за се, но барем направете го најважното. А за тоа што нема да успеете да го завршите побарајте помош од соработниците.

Стрелец

Ви се заканува и напнатост. Неповолните аспекти од планетите ќе бидат многу нагласени, па во некои делови од вашиот живот ќе имате повеќе тешкотии затоа најдобро би било да не започнувате поголеми и важни работи.

Јарец

Се повеќе настани ве очекуваат во денешниот ден. Ви се закануваат и стресови кои можат да бидат и доста непријатни за вас. Ве советуваме да избегнувате било какви важни одлуки, бидејќи психички ќе бидете многу напнати.

Водолија

Ќе треба да средите некакви семејни или роднински проблеми. Не ви влијаат директно но ќе треба да вложите напори за да спречите посериозни конфликти. На работното место заостанувате со проектите, искористете го претстојниот викенд и завршете ги.

Риби

На работното место задачите ќе ги извршувате онака како што се бара од вас. Некои ќе забележат успех и напредок. Комуникациите ќе ви бидат средни, но со позитивен предзнак.

GOLD
To Top