Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (23.09.2017)

Овен

Поведете сметка за гласините кои допираат до вас бидејќи би можеле да слушнете некои многу интересни информации. Во љубовта слободните нема да бидат премногу вешти во заведувањето.

Бик

Некои ненадејни трошоци можат да ви се случат но не би требало да имате некои поголеми проблеми на ова поле. Во љубовта се ќе биде одлично кога станува збор за долгогодишните врски или брак.

Близнаци

Не е момент за избрзани и импулсивни одлуки на кои сте склони. Овој пат добро ќе ви дојде една мала анализа. Во љубовта лесно ги покажувате своите емоции, саканото лице ќе смета дека премногу сте отворени.

Рак

Можно е да размислувате за некое патување кое би можело да ви обезбеди нови деловни прилики. Во љубовта саканото лице ќе ви замери дека не му посветувате доволно внимание.

Лав

Ве очекува мала расправија со некое лице од деловниот свет но не би требало да понесете некои сериозни проблеми поради тоа. Во љубовта подготвени сте да ги покажете своите емоции кон лицето со кое подолго време сте имале само пријателски однос.

Девица

Можно е да размислувате за некој вид на промени на полето за работа. Потребно ви е да завртите нов лист. Во љубовта го сакате она што го сака вашето срце и не можете да одите против тоа.

Вага

Неочекуваната понуда за работа би можела да ви го поправи расположението, но секако и финансиската ситуација. Во љубовта ве очекува средба со едно шармантно лице со кое лесно можете да создадете врска.

Шкорпија

Не очекувајте премногу од денешниот ден. Ако сте планирале некои важни трансакции, одложете ги малку. Во љубовта ви царува љубомората, поправете го тоа.

Стрелец

Прилично сте пасивни на деловниот план, па затоа нема да имате некои промени или случувања. Партнерот очекува да смените некои ваши навики, но вие не сте подготвени за тоа.

Јарец

Важно е да разјасните некои работи со своите надредени за да не остане некое недоразбирање на двете страни. Во љубовта поставувате превисоки стандарди.

Водолија

Можно е денес да решите да направите некои драстични потези на полето за работа. Во љубовта доколку не сте научиле доволно од претходните грешки, сега може да ви се укаже нова прилика да ги поправите.

Риби

Можно е да внесете некоја нервоза во деловното опкружување, а тоа не е препорачливо. Во љубовта ќе ви се отвори прилика за ново познанство или флерт.

GOLD
To Top