Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (25.09.2017)

Овен

Можно е да ви се појават некои деловни проблеми и дека ќе ви биде потребно повеќе време да ги решите. Во љубовта надевајте се на смирување со лицето кое ви е многу важно.

Бик

Пред вас е ден во кој пред се треба да се занимавате со организирање на некои деловни обврски. Во љубовта можно е да мечтаете за средба со една личност но ќе немате иницијатива.

Близнаци

Вашата упорност ќе ви се исплати. Нема причина да се грижите, само останете им доследни на своите цели. Во љубовта имате голема желба да бидете со една личност и важно ви е на овој план да остварите стабилност и среќа.

Рак

Можно е да имате мали проблеми во комуникацијата со своите колеги. Важно е да поработите на својот изглед. Константната напнатост која ја чувствувате може да ви создаде проблеми со саканото лице. Потребно е малку да се опуштите.

Лав

Можете да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе успеете да остварите исклучително добри резултати на деловен план. Во љубовта посакувате промени. Време е да го направите првиот чекор кон лицето кое ви се допаѓа.

Девица

Можете да очекувате солидна атмосфера на деловен план. Доколку соработувате, денот е одличен. Во љубовта можете да очекувате многу убава емотивна атмосфера. Романтиката ви е на највисоко ниво.

Вага

Немојте да очекувате премногу од денешниот ден. Финансиската ситуација ќе се стабилизира во иднина. Во љубовта важно е да бидете сосема отворени кон саканото лице.

Шкорпија

Денот не е поволен за склопување на нови деловни договори. Ќе ви треба некое време работите да се подобрат. Во љубовта имате поголеми проблеми со моменталниот партнер и се повеќе ви се чини дека е време да ставите крај на тој однос.

Стрелец

Имате доста обврски и пред вас е прилично напорен ден. Важно е максимално да бидете посветени. Можна е врска со лице кое се занимава со слична професија како и вие.

Јарец

Важно е да останете доволно одмерени и практични во комуникацијата со своето деловно опкружување. Сосема неочекувано ќе дојде до ново познанство со лице кое во вас може да пробуди големи емоции.

Водолија

Склони сте на донесување на непромислени одлуки, а тоа нема да ви биде од голема корист на полето за работа. Во љубовта не сте задоволни со состојбата во емотивната врска и тешко ви е да донесете одлука за прекинот иако разделбата е се поизвесна.

Риби

Ненадејни пресврти на овој план ќе ви донесат несигурност и непријатност. Потребен ви е резервен план. Во љубовта можно е да дознаете некои нови информации за лицето со кое сте во врска.

GOLD
To Top