Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (26.03.2019)

ОВЕН

Работа: Поволен ден ако сте планирале патување. Генерално може да очекувате дека ќе имате среќа на работното поле.

Љубов: Сега се наоѓате во малку тежок период на полето љубов, па ги преиспитувате некои свои одлуки.

Здравје: Намалете со алкохолот.


БИК

Работа: Солидна ситуација. Работите ви одат по стабилен тек, и се е во најдобар ред.

Љубов: Иако партнерот тврди поинаку, вам неговото однесување ви е сомнително и сметате дека постои уште некој.

Здравје: Воспаление на мускулите.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Можно е да имате трема и не ви е лесно да најдете доволно енергија и самодоверба за нов работен почеток.

Љубов: Поволен е денот за љубов, пред вас е период во кој ќе бидете среќни со партнерот.

Здравје: Болки во долниот дел на грбот.


РАК

Работа: Имате пред себе многу обврски и важно е добро да се организирате и да се посветите на работата.

Љубов: Надевајте се на многу позитивни промени на полето љубов. Ве очекува добра фаза.

Здравје: Мал пад на имунитетот.


ЛАВ

Работа: Можно е да бидете подготовени да ја прифатите понудата која сте ја добиле и да продолжите да ја развивате својата работа во добар правец.

Љубов: Можно е да имате чести несогласувања со саканата личност.

Здравје: Мал пад на енергијата.


ДЕВИЦА

Работа: Ви се пружа шанса да напредувате. Сега е момент да ја покажете својата упорност.

Љубов: На вашиот партнер му годи тоа што сте му посветени. Убаво ви е кога сте заедно и љубовното поле ви е стабилно.

Здравје: Психосоматски проблеми.


ВАГА

Работа: Можно е да немате добра комуникација со работното опкружување и тоа ви создава поголем притисок.

Љубов: Ве очекува ден во кој на љубовното поле може да има интересни случувања.

Здравје: Чувствителна ви е кожата.


ШКОРПИЈА

Работа: Можно е во вашето работно опкружување да се случат промени на кои свесно не сте подготвени.

Љубов: Саканата личност би можела да ви покаже дека е подготвена на заедничко решавање на проблемите.

Здравје: Можни мали срцеви проблеми.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Време е да се соочите со потешкотии кои ве очекуваат на ова поле. Немате ништо од бегање од проблемите.

Љубов: Имате некои дилеми околу тоа дали да и пријдете на личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Денеска сте чувствителни.


ЈАРЕЦ

Работа: Не е претерано поволен ден, па потрудете се да не ризикувате во било која смисла.

Љубов: Сакате да освоите личност која ви значи и нема да се откажете додека не успеете.

Здравје: Избегнувајте алкохол.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекува поволен ден во кој ќе имате можност да ги реализирате своите работни планови.

Љубов: Ќе имате ново познанство кое во вас ќе разбуди интерес и љубопитност.

Здравје: Се чувствувате добро.


РИБИ

Работа: Можете да очекувате дека финансиите ќе ви се стабилизираат и дека ќе успеете да остварите некои позитивни пресврти.

Љубов: Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на мир. Задоволни сте во односот со партнерот.

Здравје: Проблеми со забите.

GOLD
To Top