Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (26.08.2019)

Овен 

Денес ќе добиете улога на медијатор помеѓу двајца пријатели или колеги, останете објективни за да не си ги нарушите односите. На работното место бидете конкретни и директни. Анализирајте пред да ја кажете одлуката гласно. Во љубовта ќе мора да се збогувате со некои стари принципи, ако сакате да доживеете хармонија.

Бик 

Денес е добар ден за реорганизација на дневната рутина. Среќата ви е на поле работа и финансии, па не ги одбивајте проектите кои ќе ви бидат доверени. Ова е поволен ден за потписи и финални договори. Во љубовта очекувајте само страст, но ништо посериозно.

Близнаци 

Денес потребата за перфекција може да ви донесе само тензии и нервози. Опуштете се и бидете поспонтани. Во работата ви недостасува креативност, па задржете се до механичката работа и не откривајте нови територии. Во љубовта прифатете ги критиките без лутење.

Рак 

Денес бидете пољубезни ако сакате луѓето да ги прифатат вашите сугестии. На работното место обидете се што и да правите, да правите тимски. Немате енергија за соло предизвици. Среќата ви е на поле љубов, па ова е добар ден за да го направите првиот чекор.

Лав

Денес дозволете му на телото да се одмори и не се форсирајте физички. Работата ќе се движи во нагорна граница, само ако подобро се поврзете со важни контакти. Соработувајте и прифаќајте нови предлози. Во љубовта важно е да не го испрашувате партнерот. Имајте поголема доверба.

Девица 

Денес спонтаноста ќе ве стави во центарот на вниманието. Успешно ќе ги избегнувате тензиите на работното место. Енергијата вложете ја во обврските кои ви носат финансиска стабилност. Во љубовта не претерувајте со анализирање, ви претстои хармоничен период.

Вага 

Можно е да навлезете во стари дебати и неразрешени семејни прашања. Обидете се двапати да размислите пред да кажете нешто. На работното место објективноста ќе ве спаси од тензии и грешки. На поле љубов сте сензуални и ве водат страстите, па ова не е добар ден за сериозни одлуки.

Шкорпија 

Денес имате доволно енергија за сите предизвици. Не се плашете и повлекувајте од непознатото. На работното место гласно кажете го вашето мислење, во спротивно ќе зажалите. Приватно, зборувајте ја вистината. Ова не е поволен ден ниту за бели лаги, посебно не на поле љубов.

Стрелец 

Обидете се денес да ги разграничите емоциите и работата. Делувајте според приоритетите и не скршнувајте за да исполните туѓи желби. Искористете го искуството за да избегнете тензини ситуации со колегите. Во љубовта, не дозволувајте минатото да ви влијае на денешните одлуки.

Јарец 

Денес секоја иницијатива ќе ви заврши со успех. Луѓето тешко ќе ви кажуваат не. На работното место искористете го шармот за проширување на мрежата на контакти. Во љубовта не бидете изненадени ако вие сте тие кои треба да попуштите за да го сочувате мирот.

Водолија 

Денес правете ги работите бавно и промислено, бидејќи сте склони на грешки од невнимание. Фокусирајте се на задачите кои ви носат финансиска стабилност. Приватно, не ги игнорирајте потребите на луѓето околу вас. Во љубовта отворете ги картите.

Риби 

Не ја злоупотребувајте довербата на пријателите за моментално внимание. Среќата ви е на поле работа и финансии, па искористете ја за иницирање на проекти кои одамна ги посакувате. Во љубовта ќе владее еуфорија. Уживајте, но не давајте големи ветувања.

GOLD
To Top